АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЌЕ РАБОТИ ОД ДОМА ИЛИ ВО СМЕНИ, КАФУЛИЊАТА ДО 23 ЧАСОТ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЌЕ РАБОТИ ОД ДОМА ИЛИ ВО СМЕНИ, КАФУЛИЊАТА ДО 23 ЧАСОТ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАНовите мерки се донесени по зголемениот број на нови случаи на ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    Владата на денешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

    Исто така, прифатена е препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

    Новите мерки се донесени по зголемениот број на нови случаи на ковид-19.

    На оваа седница Владата ја прифати препораката на Комисијата да се одложи атлетската трка „23 Oктомври“ во Скопје, како и да остане забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации, кои претходно бараа оваа забрана да биде укината.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира