АХМЕТИ ГИ ПОВИКА АЛБАНЦИТЕ ВО СКОПЈЕ ДА ГЛАСААТ ЗА ШИЛЕГОВ

    АХМЕТИ ГИ ПОВИКА АЛБАНЦИТЕ ВО СКОПЈЕ ДА ГЛАСААТ ЗА ШИЛЕГОВАхмети Ахмети најави дека СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на ДУИ во градовите со албанско мнозинство. - Али Ахмети на митинг (Фото: ДУИ)

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги повика Албанците во Скопје да гласаат за кандидатот на СДСМ Петре Шилегов на вчерашниот митинг на партијата во Гази Баба. Ахмети кажа и дека СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на ДУИ во градовите со албанско мнозинство.

    „Ова ќе придонесе за зајакнување на власта и ќе биде во полза за сите граѓани“, рече Ахмети.

    Претходно, лидерорт на СДСМ Зоран Заев најави дека со ДУИ ќе настапат како коалиција во повеќе општини и ќе ги поддржат нивните кандидати кои, како што изјави, се добри и работат во интерес на граѓаните.

    „СДСМ ќе има свои кандидати за градоначалници во општините Кондово, Липково, Струга и во други општини каде очекувам и Македонци и Албанци да гласаат за нашите кандидати кои се од албанска етничка припадност“, изјави Заев.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира