АКО ЖЕНИТЕ СЕ ДИСКРИМИНИРАНИ, ПОЛА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ НЕ СЕ КОРИСТАТ ЕФИКАСНО, ВЕЛИ ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ПЛОМП

    АКО ЖЕНИТЕ СЕ ДИСКРИМИНИРАНИ, ПОЛА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ НЕ СЕ КОРИСТАТ ЕФИКАСНО, ВЕЛИ ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ПЛОМПХоландскиот амбасадор Ваутер Пломп одржа предавање за состојбата со човековите права на Дипломатскиот форум на Факултетот за безбедност во Скопје

    Ако жените се дискриминирани, тоа значи дека половина од човечките ресурси не се користат ефикасно и дека институциите можеби не се целосно препознаени од истата половина од населението, рече холандскиот амбасадор Ваутер Пломп на Дипломатски форум на Факултетот за безбедност во Скопје, каде одржа предавање за состојбата со човековите права.

    „Од 25 ноември, светот обележа 16 дена активизам за борба против насилството врз жените. Една од три жени ширум светот е жртва на семејно насилство, и се плашам дека ниту Холандија ниту Македонија не се исклучок од ова. Во повеќето случаи вие и вашите колеги се првите што ѝ помагате и ја заштитувате жртвата. Но, ова не е лесна задача, бидејќи ова насилство се случува главно дома. И затоа Елинор Рузвелт рече дека ‘човековите права започнуваат на мали места, блиску до дома’“, рече Пломп.

    Тој истакна дека правото на еднаков третман и недискриминација е едно од најцентралните човекови права, бидејќи овој принцип влијае на сите други. „Постојат многу форми на дискриминација – врз основа на раса или етничка припадност, пол или сексуална ориентација, религија или убедување, убедување или политичка припадност. Дозволете ми да бидам јасен: ниту бојата на кожата ниту партиската книшка не треба да бидат причина ни за привилегија ни за дискриминација. Дискриминацијата го спречува општеството да ги вработува најдобрите луѓе за работните места каде што тие се најсоодветни“, рече амбасадорот Пломп.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари