АТИНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КАМИНИС МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ШИЛЕГОВ ЗА ПОМОШТА ШТО СКОПЈЕ ЈА ИСПРАТИ ЗА ШТЕТИТЕ ОД ПОЖАРИТЕ

    АТИНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КАМИНИС МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ШИЛЕГОВ ЗА ПОМОШТА ШТО СКОПЈЕ ЈА ИСПРАТИ ЗА ШТЕТИТЕ ОД ПОЖАРИТЕ„Ова во пракса ја покажува важноста од воспоставување односи на доверба меѓу градовите“, напиша Каминис на својот Фејсбук профил, а пораката е објавена и на официјалната веб страна на Град Атина. - Каминис и Шилегов на концертот на Филхармонија во Градски парк. (Фото: К. Попов)

    Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис му се заблагодари на градоначалникот Петре Шилегов за помошта која Град Скопје ја даде на Атина по катастрофалните пожари што ја зафатија Атика.

    „Голема благодарност до градоначалникот Петре Шилегов за солидарноста и помошта што Скопје ја испрати за настраданите граѓани на Атина во деловите зафатени од пожарите. Ова во пракса ја покажува важноста од воспоставување односи на доверба меѓу градовите“, напиша Каминис на својот Фејсбук профил, а пораката е објавена и на официјалната веб страна на Град Атина.

    Град Скопје веднаш по пожарите во кои загинаа 91 лице одвои од буџетот еден милиони денари парична помош, како и еден милион денари за пакети со помош на граѓаните чии домови беа изгорени и уништени во пожарите. Македонските уметници пак донираа околу 70 свои уметнички дела, кои ќе бидат испратени во Атина, а трошоците за транспорт ќе ги покрие Град Скопје. Во собраната збирка има графики, масла на платна, акварели, цртежи, неколку скулпттури, дигитални илустрации, а најмногу има фотографии.

    Градоначалниците на Скопје и Атина, Петре Шилегов и Јоргос Каминис во февруари годинава ја имаа првата средба кога скопскиот градоначалник беше во работна посета на главниот град на Грција. Тие тогаш реков дека средбата е почетокот на воспоставување на пријателски односи и остварување на соработка на повеќе полиња. На 27 арпил во Скопје двајцата градоначалници потпишаа договор за соработка, а Каминис беше гостин на Шилегов во Скопје и на 22 јуни, на концертот на Македонската филхармонија во Градски парк, кога се изведуваат хитовите на групата „Квин“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира