БАРАМЕ ВАКЦИНА И ЗА ИЗЛЕЗ ЗА ДА НЕ НЀ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО ЗЕМЈА ИЗВОЗНИК НА КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛИ ВЛАДАТА

    БАРАМЕ ВАКЦИНА И ЗА ИЗЛЕЗ ЗА ДА НЕ НЀ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО ЗЕМЈА ИЗВОЗНИК НА КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛИ ВЛАДАТАБез сертификат за вакцинација или ПСР тест не може ниту да се излезе од земјава. (Фото: СДК.МК)

    Домашните и странските државјани и за излез од државава треба да покажат сертификат за вакцинација или ПЦР тест за да не бидеме пропознавани како извозници на коронавирусот, кажа на прес-конференција владиниот портпарол Мухамед Хоџа одговарајќи на новинарско прашање.

    „Оваа мерка е за поддршка на масовната имунизација како најсоодветен одговор за спречување на ширење на коронавирусот. Мерката е наша определба да направиме сè што треба нашата земја да се препознае како земја која води активни политики за имунизација и која  не треба да се препознава како земја извозник на вирусот. За влез во речиси сите земји се бараат овие документи“, рече Хоџа.

    Австрискиот весник Хојте во понеделникот објави дека голем број од новите случаи на ковид-19 во тамошните болници се од патници што се враќаат во земјата. Најмногу се од граѓани кои доаѓаат во Австрија од Македонија. Изминативе две недели бројот на позитивни случаи на граѓани кои дошле од Македонија е 866, од Косово 799, од Хрватска 683 и Србија 389.

    Според одлуката на Владата при влез или излез во земјава, граѓаните на граничниот премин треба да приложат потврда за примени две дози од вакцина против ковид-19 или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена или негативен ПЦР тест, направен најмногу 72 часа претходно, или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата.

    На граѓаните кои ќе влезат во државата без ваква потврда или негативен ПЦР тест, ќе им се одреди мерка карантин од седум дена, со решение за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Времетраењето на карантинот може да се скрати на 5 дена ако во тој период биде приложен негативен ПЦР тест. Ова важи и за домашни и за странски државјани. Трошоците за изолација на странските државјани е на нивна сметка.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира