БЕЗДОМНИЦИ ДА СЕ ПРИЈАВУВААТ ВО ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА И ВО ЦРВЕН КРСТ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

    БЕЗДОМНИЦИ ДА СЕ ПРИЈАВУВААТ ВО ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА И ВО ЦРВЕН КРСТ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКАБројот за пријавување бездомни лица 15505 кој беше активиран во јануари 2017 веќе подолго време не е активен, велат од Министерството за труд и социјална политика; - Пунктот за бездомници во Момин Поток (Фото: Црвен крст)

    Граѓаните може да пријават бездомни лица во центрите за социјална работа и во Црвен крст, велат од Министерството за труд и социјална политика. Бројот за пријавување бездомни лица 15505 кој беше активиран во јануари 2017, веќе подолго време не е активен, велат од Министерството.

    „Во рамки на досегашните активности згрижени се 9 лица, од кои 8 деца во Струмица, а во Скопје има една дојава, но лицето одбива сместување“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Бездомни лица можат да се пријават:

    • Во Скопје кај Драгана Лазаревска на 071 733 171; кај Драгана Живковска на 071 411 908; и кај Божидар Серафимовски на 071 261 778 .
    • Во Битола кај Борче Пасовски на 070 791 770 .
    • Во Струмица кај Маријана Тошева на 070 381 660.
    • Во Струга кај Наташа Хиохи на 070 317 612 и 046 781 733.

    „Дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток во Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица, кои што беа отворени во Струга, Битола и Струмица“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Во објекти на установа за социјална заштита во моментов се згрижени 85 лица, од кои 49 се деца од бездомниците кои се наоѓаат во импровизирани живеалишта под Кале. За обезбедување засолниште покрај капацитетот на Центарот за лица бездомници Скопје, се користат и постоечките капацитети на установите за социјална заштита кои во моментов се неискористени. Вакви активности беа преземени и во текот на зимата 2017/2018, кога околу 120 лица без сместени во објекти на установа за социјална заштита, со тоа што беа вклучени во пилот Програма за поддржано живеење. Целта на оваа програма, која нуди голем дел активности, е да го олесни процесот на социјална инклузија. Вкупно 15 семејства кои учествуваа во пилот програмата се преселија во времен престој во населбата во Визбегово, велат од Министерството.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира