БЛОКАДАТА ОД БУГАРИЈА Е ПОВЕЌЕ ОД ИЗВЕСНА, НО ЈАС СУМ ОПТИМИСТ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    БЛОКАДАТА ОД БУГАРИЈА Е ПОВЕЌЕ ОД ИЗВЕСНА, НО ЈАС СУМ ОПТИМИСТ, РЕЧЕ ЗАЕВИ ако е вака на 17 ноември, рековме до декември има време, до крајот на декември е можноста за првата Меѓувладина конференција, очекувам одговорност, крик на пријателство од бугарската страна затоа што кај нас имаат пријатели, рече денес Заев; - Заев, Меркел и Борисов на Самитот на Берлинскиот процес во Софија на 10 ноември. (Фото: Влада на РСМ)

    Бугарското вето за почетокот на пристапните преговори на Македонија за влез во ЕУ е извесно, рече денеска премиерот Зоран Заев, но кажа дека сепак останува оптимист.

    „Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада, за евентуално вето од Бугарија и тоа е поприлично извесно. Ако речете во проценти, повеќе во проценти е извесно. Се надевав дека пријателска Бугарија ќе се однесува поинаку, ако не се со нешто задоволни имаат 130 пати низ 140 проглавја да стават вето во текот на пристапните преговори“, рече денес во Струмица премиерот Зоран Заев за најавеното вето од Бугарија.

    Бугарија на состанокот на амбасадорите на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) одржан на 6 ноември одби да даде поддршка за усвојување на преговарачката рамка за почеток на преговорите на Македонија. Со тоа го прекрши членот 2 од Договорот за добрососедство, кој вели дека Бугарија треба да ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ.

    Состанокот на Советот за општи работи на министрите на ЕУ (ГАК) на кој треба да се прифати преговарачката рамка за почнување на пристапните преговори, ќе се одржи на 17 ноември.

    „Но сепак, никогаш не ја губам надежта дека затоа што одговорноста  на политичарите е голема. И ако е вака на 17 ноември, рековме до декември има време, до крајот на декември е можноста за првата Меѓувладина конференција, очекувам одговорност, крик на пријателство од бугарската страна затоа што кај нас имаат пријатели. Ако се испрати негативна порака, сите знаеме што непосакувано од двете страни може да развие. Не ни требаат такви работи, ни треба пријателство, подадена рака, заедно да го чекориме европскиот пат“, рече Заев во Струмица, каде денес предаде лична донација – амбулантно возило на Струмичката болница.

    Заев додаде дека заедничките македонско-бугарски комисиите има решено пет историски личности, три историски периоди, дека се спремни да ги објават да почне имплементацијата во ученбниците на двете страни , како и дека се блиску до решение за Гоце Делчев.

    „Јас сум убеден дека со позитивни одлуки градиме позитивно пријателство, со негативни градиме горчина. Не треба двата народа никој да ги одддалечува“, кажа Заев.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира