ДА ТВРДИ КАМЧЕВ ДЕКА ВАДЕЛ МИЛИОН ЕВРА ОД КАЈ МАЈКА, СЕСТРА, ОД СВОИ, А ОБВИНИТЕЛ ДА НЕ ПОБАРА ДОКАЗ ОД БАНКИ, КАЖУВА КОЛКУ СВЕДОКОТ ЈА ЗБОРУВА ВИСТИНАТА, ГО НАПАЃА ОДБРАНАТА ОБВИНЕНИЕТО НА РУСКОВСКА ЗА „РЕКЕТ”

    ДА ТВРДИ КАМЧЕВ ДЕКА ВАДЕЛ МИЛИОН ЕВРА ОД КАЈ МАЈКА, СЕСТРА, ОД СВОИ, А ОБВИНИТЕЛ ДА НЕ ПОБАРА ДОКАЗ ОД БАНКИ, КАЖУВА КОЛКУ СВЕДОКОТ ЈА ЗБОРУВА ВИСТИНАТА, ГО НАПАЃА ОДБРАНАТА ОБВИНЕНИЕТО НА РУСКОВСКА ЗА „РЕКЕТ”По бројот на купчињата од која било банкнота евра, според утврдените стандарди, никако не може да собере во несесер 350.000 евра, тврди одбраната на Катица Јанева во завршни зборови на „Рекет“. (Фото: СДК.МК)

    Одбраната на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во завршни зборови продолжи точка по точка со контрадокази да го напаѓа обвинителниот акт во „Рекет” против неа.

    „Иако не сме одбрана на Бојан Јовановски, недозволиво е да тврди сведокот и пријавител Орце Камчев дека вадел пари од неговата, од сметката на мајка му, сестра му.., за да му даде милион евра на Јовановски за да го спасел од ‘Империја’, а притоа обвинителот да не побара потврда, доказ од банките од кои наводно биле вадени големите суми, а кои биле подоцна претворени во евра”, рече адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев.

    РУСКОВСКА МУ ДАДЕ МОЖНОСТ НА КАМЧЕВ ПРЕКУ „РЕКЕТ” ДА СИ ДАДЕ ОДБРАНА ЗА „ИМПЕРИЈА”, ЗАБОРАВИЈА ДА ЈА НАПАДНАТ КАТИЦА, КАЖА НЕЈЗИНИОТ АДВОКАТ

    Потоа пресмета по апоени, по суми, ги направи сите можни комбинации за тврдењата на Камчеви како го исплаќале првообвинетиот Боки 13, со цел да ги девалвира адвокатот нивните тврдења пред судот. По бројот на купчињата од која било банкнота евра, според утврдените стандарди, никако не може да собере во несесер 350.000 евра, како што тврдеше Ана Камчева, а уште помалку милион евра во полупразната ташна „Луј Витон” што ја мавташе Зоран Милевски на излегување откај Камчев, тврди одбраната.

    „Таа фотографија не е докажана. Уште стои: ‘Вештачењето на е завршено’. Ни едно вештачење не е ни завршено, ни изведено пред судот. А башка, јавниот обвинител пред крајот ги повлече сите вештачења. Зарем ова судење ќе биде судење без вештачење на материјалните докази? Треба со сигурност да се утврди дека тоа на масичката кај Катица Јанева, на матната фотографија, биле пари. Не постои потврда за одземени предмети кај Катица Јанева. Не биле одземени пари. Како ги изброја обвинителството дека биле 50.000 евра? Кај виде банкноти од по 500 евра? А и да имало такво нешто, па дали е забрането дома да имате пари?”, рече Кадиев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира