ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРЕД ВЛАДА, БОЈАТА ПОТРОШЕНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРЕД ВЛАДА, БОЈАТА ПОТРОШЕНА

    Протестот се пресели пред Влада. Демонстрантите ја потрошија бојата за шарање на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги па пред Влада нема акција, се слушаат свирчиња и труби. Толпата е веќе преполовена, многумина го напуштаат протестот, а оние кои што остануваат одвреме навреме извикуваат „Нема правда, нема мир“. Полицајците одмораат, потпирајќи се на штитовите.

    Демонстрантите пред да дојдат пред Влада, пред седиштето на ЕУ скандираа „Мафија на робија“. Со зборовите „Ова е Македонија, Македонија не е партија, сите сме Македонија“ на демонстрантите им се обрати Александар Донев од граѓанската иницијатива Протестирам.

    Тој рече „Конечно сфативме дека не е доволно да се сака нешто, мораме да се избориме за тоа и да бидеме истрајни во борбата и најмногу од се да бидеме солидарни, затоа што заедно сме најсилни“.

    Еден од демонстрантите се качи на имрпвизираната бина, го зема микрофонот и повика да се поздрави Зоран Заев. Половина аплаудираа, а повеќето го исвиркаа и викаа уа.

    Демонстрантите претходно ја направија шарена и фасадата на зградата во која се сместени Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за млади и спорт. Извикуваа „Ова беше парк“ и „Нема правда нема мир“. Ги бришеа штитовите на полицајците на кои се истури боја, а други, пак, со спрејови на асфалтот испишаа „Шарена револуција“.

    Антивладините демонстанти и вечерва ја сменија маршутата. Тргнаа од пред СЈО, минаа покрај седиштето на ЕУ и се упатија кон Собранието преку улицата „Кирил Методиј“, покрај „Рамстор“. Кордон полиција ги обебедуваше новите градби од проектот „Скопје 2014“.

    Протестот почна традиционало во 18 часот пред СЈО. Го организира граѓанската инцијатива „Протестирам“. Демонстрантите бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира