ДЕНЕС НЕМА ПРОТЕСТИ, ДЕМОНСТРАЦИИ УТРЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕНЕС НЕМА ПРОТЕСТИ, ДЕМОНСТРАЦИИ УТРЕ

    Денеска нема протести во Скопје, демонстрациите ќе продолжат утре во 18 часот пред СЈО, објави утринава организаторот, граѓанската иницијатива Протестирам.

    „Соборци и соборки, изминативе денови беа интензивни и напорни, но и охрабрувачки. Наместо денес, со протести продолжуваме утре (понеделник) во 18:00: побројни, покоординирани и со нови сили и енергија. Нема правда, нема мир!“, објави Протестирам на својата Фејсбук страна и на Твитер.

    Протестите во Скопје, Битола и Струмица вчера поминаа мирно. Демонстрантите кои во Скопје бараа оставка од претседателот Иванов, формирање експертска влада и одложување на изборите од 5 јуни пред Владата стигнаа откако маршираа од СЈО до Собрание, па преку Порта Македонија. Со боја што ја фрлаа демонстрантите пак беше обоена свежо исчистената Порта Македонија. Се извикуваше „Нема правда нема мир“ и „Ружна ви е портата“.

    protest SDSM 07

    Фото:СДК.МК

    Дел од демонстрантите се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Но просторот пред плоштадот ВМРО го чуваше силно полициско обезбедување и не дозволуваше пристап ни од далеку.

    Меѓу демонстрантите пред Владата беше и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

    „Гневот граѓаните мора да го истурат на улиците. Јас само се надевам дека ќе бидеме внимателни, дека ќе бидеме луѓе пред се, без употреба на насилство и по мирен пат секој ќе го изрази револтот во форма на протест“, им изјави Заев на новинарите што го следеа протестот.

    Во Битола демонстрантите кои бараат оставка од градоначалникот Владимир Талевски, кого СЈО го сомничи за манипулации со превозот на учениците, а Иванов го помилува, фрлаа со ќеси по фасадата на општинската зграда и ја обоија во зелено.

    Општинската зграда во Битола ја чуваа полициски сили и однадвор и одвнатре (Фото:СДК.МК)

    Општинската зграда во Битола ја чуваа полициски сили и однадвор и одвнатре (Фото:СДК.МК)

    Под мотото ,,Слободни избори, криминалците зад решетки“ и стотици граѓани од Струмица вчера протестираа.  Протестот  го организираше платформата „Граѓанска демократија“ пред  зградата на јавната администрација во барок стил што беше предадена во употреба пред две недели.

    ,,Ѓорѓе Иванов, човекот кој слика има, а тон нема,  бараме по втор пат во неговиот мандат да отвори уста, но овојпат да ја соопшти оставката од функцијата Претседател на државата“, рече Ленче Христова од платформата Граѓанска демократија и побара од Власта и провладините медиуми да прекинат со опструкциите на Специјалното јавно обвинителство.

    Контрапротест на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) кое во Скопје протестира против одлуката на Иванов да ги помилува Заев и Зоран Верушевски, вчера немаше, а нема најава и за денеска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира