ДЕЦАТА НЕ ГИ ПРИМИВ ДА МИ ПЕАТ ВЕРСКИ ПЕСНИ, АВТОБУСИТЕ ЌЕ СИ ГИ ПЛАТАТ ОРГАНИЗАТОРИТЕ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ

    ДЕЦАТА НЕ ГИ ПРИМИВ ДА МИ ПЕАТ ВЕРСКИ ПЕСНИ, АВТОБУСИТЕ ЌЕ СИ ГИ ПЛАТАТ ОРГАНИЗАТОРИТЕ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВОд ниту една институции со која јас раководам и јас како градоначалник со ништо не беше нарушен уставниот принцип на секуларноста на државата односно одвојувањето на државата од црквата. Верските убедувања на моите сограѓани, од било која вера да се, ги почитувам во целост. И оние кои немаат верски убедување ги почитувам во целост“ -Градоначалникот Петре Шилегов на одбележување на Бадник пред Соборниот храм во Скопје (Фото:Ѓ.Личовски)

    Организаторите на манифестацијата „Бадникови поворки“ ќе си платат за користењето на автобусите на ЈСП„Скопје“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    Во саботата децата од основните училишта од Скопје со автобуси беа носени пред црквата Свети Димитрија и Соборниот храм Свети Климент Охридски, откако претходно беа кај градоначалниците на општините и им пееја Бадникарски песни.

    Градоначалникот Шилегов денес рече дека тој како градоначалник на Скопје и институцијата Град Скопје со ништо не го нарушиле уставниот принцип на секуларноста на државата однсоно одвојување на државата од црквата. Било побарано од него да прими деца да му пеат Бадникарски песни, но одбил. Eдинствено изнајмил автобуси за што ќе биде наплатено.

    „Здружениeто се обрати до Градот со две барањa, едното да ги примам децата како градоначлник на пеење коледарски песни и второто да ставиме на располагање дел од капацитетите на ЈСП ’Скопје’. Како градоначалник на Скопје сметав дека не е во ред да примам деца и не ги примив. Но, како градоначалник сметав дека Градот има капaцитет да даде автобуси, за што ќе се наплати. Во текот на утрешниот ден ќе се знае бројката колку автобуси биле ангажирани и ќе се фактурира на организаторите. Од ниту една институции со која јас раководам и јас како градоначалник со ништо не беше нарушен уставниот принцип на секуларноста на државата односно одвојувањето на државата од црквата. Верските убедувања на моите сограѓани, од било која вера да се, ги почитувам во целост. И оние кои немаат верски убедување ги почитувам во целост“, рече Шилегов.

    Министерството за образовани денес соопшти дека Државниот просветен инспекторат утре ќе проверува дали имало верско организирање и дејствување во училиштата околу организирање на „Бадниковата поворка“ на која учествуваа околу 7.500 деца од сите градови.

     

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира