ДЕВЕТ ЛИЦА ПОЧИНАА, НОВИ 176 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 870 ТЕСТИРАЊА

    ДЕВЕТ ЛИЦА ПОЧИНАА, НОВИ 176 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 870 ТЕСТИРАЊАВо Градската општа болница „8 Септември“ починати се седум лица од Скопје, двајца пациенти на возраст од 62 години, останатите на возраст 56, 59, 74, 88 и 73 години. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Девет пациенти починаа, а дијагностицирани се 176 нови случаи на КОВИД-19 од направени 870 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Од новозаразените во Скопје се 61, Тетово 22, Струга 19, Куманово 8, Дебар 1, Штип 14, Прилеп 5, Велес 5, Битола 3, Охрид 14, Гостивар 7,Струмица 1, Кочани 2, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Пехчево 1, Кичево 6 и Ресен 5.

    Починати се седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.

    Во Градската општа болница„8 Септември“ починати се седум лица од Скопје, двајца пациенти на возраст од 62 години, останатите на возраст 56, 59, 74, 88 и 73 години.

    Во Клиничката болница Тетово е починат еден пациент на возраст од 79 години.

    Во денешната статистика е евидентиран и пациент од Струга починат во „Филип Втори“ (Жан Митрев) на возраст од 84 години.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле има 19 возрасни позитивни пациенти.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 129 пациенти, а на респираторна машина се 9 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 80 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 80 оздравени пациенти.

    Досега во земјава се направени вкупно 58.765 тестирања. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во земјава од почетокот на епидемијата е 6.080, од кои  оздравени 2. 315, починати 286, а активни случаи  3. 479.

    Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

     

    • Скопје 2951, активни 1978
    • Куманово 740, активни 283
    • Дебар 91, активни 39
    • Штип 319, активни 176
    • Прилеп 250, активни 27
    • Тетово 664, активни 367
    • Струга 214, активни 131
    • Велес 178, активни 35
    • Битола 49, активни 16
    • Охрид 163, активни 139
    • Кавадарци 14, активни 8
    • Гостивар 111, активни 62
    • Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
    • Струмица 15, активни 10
    • Крива Паланка 15, активни 9
    • Радовиш 4, активни 0
    • Крушево 6, активни 3
    • Кочани 69, активни 24
    • Пробиштип 15, активни 10
    • Демир Хисар 2, активни 1
    • Македонски Брод 4, активни 2
    • Пехчево 6, активни 3
    • Берово 2, активни 0
    • Валандово 6, активни 2
    • Виница 3, активни 0
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 4, активни 1
    • Свети Николе 25, активни 23
    • Кичево 30, активни 25
    • Ресен 98, активни 92
    • Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира