ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ ЌЕ БАРААТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕКВАЛИТЕТНИ И ФАЛСИФИКАТ ИНСУЛИНИ

    ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ ЌЕ БАРААТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕКВАЛИТЕТНИ И ФАЛСИФИКАТ ИНСУЛИНИ„Прашуваме како е испитуван инсулинот кога во Македонија не постои лабараторија за анализа на активната супстанца, односно на содржината на инсулините“, велат од „Баланс МК“. (Фото: СДК.МК)

    Болните од дијабетес бараат Агенцијата за лекови да каже од каде се набавува инсулинот, дали гарантира за неговата безбедност и каде е испитуван инсулинот што го користат пациентите во Македонија. Тие најавија дека ќе бараат прецизна морална и кривична одговорност доколку Агенцијата за лекови не одговори на овие прашања.

    „Секое одлоговлекување и релативизирање на проблемот, за нас ќе бидат повеќе од јасен одговор, по што ќе бараме прецизна морална и кривична одговорност. Оти овде се работи за живот“, велат Од „Баланс МК“.

    Оваа реакција од здруженито за детски дијабетес „Баланс МК“, доаѓа по изјавите од Агенцијата за лекови дека направила вонредна контрола на инсулините што се користат во земјават и дека затоа доцнела половина месец доставата на лекови. Според дијабетичарите, во Македонија не постои лабараторија која целосно го испитува квалитетот на инсулините.

    „Агенцијата за лекови по подолг период се одзва на барањето на дијабетичарите да ги провери инсулините кои се користат во земјава, барем така јавно соопшти директорот на агенцијата, Роберт Бекироски. Тој кажа дека токму оваа вонредна контрола на инсулините била причината, или оправдување, зошто имаме полумесечна криза за инсулин, од кој се зависни 40.000 пациенти. Бараме Агенцијата за лекови детално и јавно да каже што покажа оваа вонредна контрола“, велат членовите на „Баланс МК“.

    Тие велат дека Агенцијата за лекови треба да каже од каде се набавува инсулинот во Македонија и дали може да гарантира дека е безбеден, особено по анализата на Асоцијацијата Фармабренд Нова, која покажала дека се користат фалсификат лекови и тоа дури 40 отсто, и дека се со особено лош квалитет.

    „Според јавно објавени информации од Агенцијата за лекови, примероци од секоја серија инсулин биле испратени на испитување во акредитирана лабораторија во Институтот за јавно здрваје. Прашуваме како е испитуван инсулинот кога во Македонија не постои лабараторија за анализа на активната супстанца, односно на содржината на инсулините. Лаборатијата на Институтот за јавно здравје не врши испитувања на сите параметри, ниту пак на биолошки лекови во кои спаѓа инсулинот. Тоа не го прави ниту лабораторијата на Фрамцевскиот факултет и се знае дека во државата не постои лабораторија која врши вакви испитувања“, велат од „Баланс МК“.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира