ДРАГАН ДАРАВЕЛСКИ УАПСЕН ВО БЕЛГРАД, ПОТВДИ МВР

    ДРАГАН ДАРАВЕЛСКИ УАПСЕН ВО БЕЛГРАД, ПОТВДИ МВР

    Белград, 24 март, 2016 – (META) Поранешниот директор на Царинската управа на Македонија, Драган Даравелски, е уапсен од српската полиција во Белград, врз основа на потерница распишана од македонски власти, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи.

    Даравелски, кој беше директор на царината во периодот од 1999 до 2002 година, повеќе од една деценија се бараше со потерница од македонските власти, но Белград сè досега одбиваше да постапи по неа.

    Поранешниот функционер, во отсуство е осуден на затворска казна од седум години поради проневера, односно злоупотреба на службената положба и овластување во времето кога беше директор на царината.

    Од МВР велат дека очекуваат во секое време преку Интерпол да добијат и официјално известување за апсењето на Даравелски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари