ДУИ ГИ ОБВИНИ СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА РАБОТАТ ПРОТИВ СЈО

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:438:"АкодругитенавистинамумислатдобронаСЈО,некапрестанатсообидитедагопартизираатидадаваатаргументинанеговитепротивници,тукунекапријдатсоконкретенпроектзадасеосигураширокаподдршкаизаедничкорешение,велатодДУИ";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

ДУИ ГИ ОБВИНИ СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА РАБОТАТ ПРОТИВ СЈО

Двете македонски партии СДСМ и ВМРО, ја одмагаат работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и ѝ наштетуваат на идејата и независноста на институцијата , изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК висок партиски функционер на ДУИ, обвинувајќи ги дека „едната ја партизира институцијата, а другата ја сатанизира, но и двете партии се единствени во намерата да ја искористат како објект за меѓусебно поткусурување“.

Ова е реакција на ДУИ откако три помали политички партии на Албанците, Движењето за реформи на ДПА на струшкиот градоначалник Зијадин Села, Движењето Беса и партијата Унитети објавија дека имале средби со дипломати од американската амбасада затоа што наводно САД биле разочарани од лидерот на ДУИ Али Ахмети по последното гласање во Собранието кога неговите пратеници се солидаризираа со ВМРО-ДПМНЕ и не ги изгласа законските измени што ги побара Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

САД ГО ОТКАЧУВА АХМЕТИ ПОРАДИ БЛОКАДАТА НА СЈО ШТО ЈА ОДАЛЕЧУВА МАКЕДОНИЈА ОД НАТО

Во вторникот само четворица пратеници на ДУИ гласале за продолжување на рокот за истраги на Специјалното јавно обвинителство и за барањето на Катица Јанева дополнително да ги заштити заштитените сведоци.

Функционерот на ДУИ од кого САКАМДАКАЖАМ.МК побара коментар дали има промена во ставот на ДУИ кој Специјалното јавно обвинителство ни рече дека „Ахмети и ДУИ беа први што ја поддржаа институцијата и дадоа личен пример, а притоа беа од помош во доделувањето на сите пропратни инструменти за непречено функционирање, канцеларии, буџет…, но и во бројот на обвинителите што ги побара специјалната обвинителка“.

„Неблагодарно и нечовечки е да се искористуваат манипулативно меѓуетничките односи, или човечки трагедии за постигнување политички поени во изборни цели. Ние поддршката ја покажавме на дело, со личен пример од лидерот. А ако другите навистина му мислат добро на СЈО, нека престанат со обидите да го партизираат и да даваат аргументи на неговите противници на СЈО, туку нека пријдат со конкретен проект за да се осигура широка поддршка и заедничко решение, но не на ваков ситно профитерски и провидно пропагандистички начин“, велат од ДУИ.

„СЈО ќе функционира и ќе си ја заврши својата работа само ако нашата поддршка е искрена, а не калкулирана“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК висок функционер на ДУИ.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира