ДУИ ЌЕ ГО ВОДИ СОБРАНИЕТО И МВР ДО ИЗБОРОТ НА НОВА ВЛАДА И СПИКЕР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДУИ ЌЕ ГО ВОДИ СОБРАНИЕТО И МВР ДО ИЗБОРОТ НА НОВА ВЛАДА И СПИКЕР

    Од утре претпладне, кога Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги  објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори, до изборот на нова влада и на собраниски спикер со Собранието и со МВР ќе раководат кадри на ДУИ.

    Со Собранието наместо Трајко Вељаноски ќе претседава најстариот пратеник Бранко Манојловски, кандидат на ДУИ и на православните Aлбанци, а со Министерството за внатрешни работи наместо Оливер Спасовски ќе раководи заменикот-министер во МВР Агим Нухиу од ДУИ.

    Утре, откако ДИК ќе ги објави конечните резултати, според најавите, до Собранието треба да го испрати Извештајот со резултатите и освоените мандати на предвремените парламентарни избори. Во исто време, во ДИК ќе им бидат врачени уверенијата на сите 120 пратеници кои освоија мандат на последните избори.

    ВМРО-ДПМНЕ има вкупно 51 пратеничко место, СДСМ – 49 мандати, ДУИ – 10, движењето Беса – 5, Алијанса на Албанците – 3 и ДПА – 2 мандати.

    Според Уставот, новоизбраните пратеници се состануваат на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори – краен рок е 31 декември. Седницата ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав, а ако тоа не се случи во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието, дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

    Претседателот на државата е должен, во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на новата влада да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена до Собранието поднесува програма и го предлага составот на Владата. Откако тоа ќе го направи, Собранието ја избира Владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

    Според констелацијата на силите во новиот Парламент, тешко дека политичките партии ќе се договорат на конститутивната седница да биде избран и нов собраниски спикер.

    Со договорот на четирите партии од 20 јули годинава, со кој се договори владата која ќе ги спроведува изборите и датумот на изборите, мандатот на Пржинската влада треба да заврши утре. Замениците министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика ќе ги превземат надлежностите на министрите сѐ до формирањето на новата Влада. Законот за Влада беше изменет со цел мандатот на сите министри и дополнителните заменици министри кои се избрани согласно Договорот од Пржино да заврши на денот кога Државната изборна комисија ќе ги потврди официјалните резулати од изборите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира