Двајца пациенти од Куманово и од Тетово починаа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, велат од Министерството за здравство. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, но неговиот резултат на КОВИД-19 сè уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2.
Од Министерството додаваат дека меѓу потврдените случаи има нови потврдени здравствени работници позитивни на КОВИД-19 од болницата во Куманово, за кои министерот за здравство Венко Филипче дополнително ќе информира на редовната прес-конференција.
Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на КОВИД-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 208
Куманово -85
Дебар – 49
Штип-15
Прилеп – 22
Тетово – 15
Струга – 9
Велес – 8
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 2
Гевглелија – 4
Струмица – 1
Крива Паланка- 2
Кочани – 1
Во изминатото деноноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222. Преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена- 22, Биотек – 20 и Клиника Жан Митрев – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на КОВИД-19.
Б. НЕСТОРОСКА