ДВАЈЦА ПОТЕШКО, ШЕСТМИНА ПОЛЕСНО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКАТА НА МАКЕДОНСКИОТ АВТОБУС ВО АВСТРИЈА, ПОТВРДИ МНР

    ДВАЈЦА ПОТЕШКО, ШЕСТМИНА ПОЛЕСНО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКАТА НА МАКЕДОНСКИОТ АВТОБУС ВО АВСТРИЈА, ПОТВРДИ МНРВо автобусот имало 18 македонски државјани, од кои 2 се потешко повредени, но не се во животна опасност, а 6-мина се полесно повредени, велат од МНР (Фото: ОРФ)

    Двајца патници се потешко повредени, но не се во животна опасност, а 6-мина се полесно повредени во судирот на македонскиот автобус со камион близу Линц, Австрија, велат од македонското Министерство за надворешни работи (МНР).

    „Колегите од Амбасадата на Република Македонија во Виена телефонски се слушнаа со полицијата во Виена, кои им потврдиле дека во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои 2 се потешко повредени, но не се во животна опасност, а 6-мина се полесно повредени. Целосен извештај ќе дадат откако ќе биде завршен увидот“, ни рекоа од МНР.

    Во судирот меѓу македонски автобус и товарен камион утринава околу 6 часот на автопатот близу Линц, вкупно се повредени деветмина. Според австриските медиуми, во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со трупци, а возачот останал заробен внатре. Десетмина патници во автобусот, меѓу кои и 4 деца, се неповредени.

    Уште нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира