ЕДЕН ОД МАКЕДОНЦИТЕ НА БРОДОТ ВО ЈАПОНИЈА ЗАБОЛЕН ОД КОРОНАВИРУС

    ЕДЕН ОД МАКЕДОНЦИТЕ НА БРОДОТ ВО ЈАПОНИЈА ЗАБОЛЕН ОД КОРОНАВИРУСЗаболениот македонски државјанин кој бил дел од екипажот на бродот во моментов е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија.(Фото: Гети)

    Еден од македонските државјани кои се наоѓа на бродот „Дајмонд принцес“ во Јокохама, Јапонија е заболен од коронавирусот, информираа денеска од Министерството за здравство. Лицето во моментов е хоспитализирано во здравствена установа во Јапонија.

    „Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио е во комуникација со македонскиот државјанин. Воедно, амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сè уште се наоѓаат на бродот во Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на корона вирусот“, велат од Министерството за здравство.

    Од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, велат дека преку амбасадата во Токио, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во Јапонија и остварува комуникација со надлежните јапонски органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на корона вирусот.

    Досега на бродот кој се наоѓа на пристаништето во Јокохама, заболени од коронавирусот се 218 лица. Тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на брод се дел од екипажот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари