ЕДМОНД ТЕМЕЛКО ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР ВО ШУТКА, СУДОТ МЕРКАТА ЈА ЗАМЕНИ СО КУЌЕН ПРИТВОР

    ЕДМОНД ТЕМЕЛКО ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР ВО ШУТКА, СУДОТ МЕРКАТА ЈА ЗАМЕНИ СО КУЌЕН ПРИТВОРТемелко беше уапсен во Скопје на 26 септември

    Едмонд Темелко, градоначалникот на општина Пустец во Албанија, обвинет за изборни нерегуларности во случајот „Титаник“ на СЈО, од истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари ќе биде префрлен во домашен притвор. Кривичниот суд во Скопје донел решение со кое мерката притвор се заменува со куќен притвор, велат од судот.

    Одлуката била донесена по позитивно мислење од Специјалното јавно обвинителство.

    Неколку граѓански организации, како и партијата ВМРО-ДПМНЕ бараа укинување на притворот на Темелко, поради неговата влошена здравствена состојба.

    Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за вечерва најави протест пред Владата против притворот на Темелко.

    Тој беше уапсен во Скопје на 26 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира