Ексградоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев е нов директор на Царинската управа. Богоев, кој е и потпретседател на СДСМ, доаѓа на директорската функција на местото на Славица Кутиров која беше на чело на институцијата две години.
Богоев за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува дека на денешната владина седница е именуван за нов директор на Царина.
На локалните избори во 2017 тој беше избран за градоначалник на Општина Карпош. На изборите во 2021 не влезе во трката за втор мандат.
Богоев беше избран за пратеник во Собранието на изборите во 2014, а реизбран беше и во 2016.
А. АНТЕВСКА