ЕУ БАРА СОБРАНИЕТО ДА ГИ УСВОИ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ИМЕТО

    ЕУ БАРА СОБРАНИЕТО ДА ГИ УСВОИ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ИМЕТОФедерика Могерини и Јоханес Хан во Отешево по потпишувањето на Преспанскиот договор на 17 јуни. (Фото: СДК.МК)

    Високата претставничка на ЕУ за безбедност и надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во заедничка изјава го повикаа парламентот да го спроведе Договорот од Преспа за името и да ги усвои уставните измени. Могерини и Хан велат дека ова е историска шанса за земјата да направи решавачки чекор напред на патот кон Европската унија.

    „На 30 септември, граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија имаа можност да гласаат за иднината на нивната земја. Со мирно и демократско гласање, огромно мнозинство од оние кои го искористија правото на глас кажаа ’да‘ за Преспанскиот договор за спорот за името и за европскиот пат на земјата. Собранието сега е на ред да продолжи со следните чекори од имплементацијата на договорот за името со одлука за усвојување на уставните промени. Ова е историска шанса, не само за помирување во регионот, туку, исто така, за решавачки чекор напред за земјата на патот кон Европската унија. Сите политички и институционални актери сега треба да делуваат согласни нивните уставни надлежности и над партиските линии. Европската унија ќе продолжи да поддржува и придружува земјата, нејзините институции и сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава.

    Според сè уште неофицијалните резултати од Државната изборна комисија, на вчерашниот референдум за името излегле да гласаат 662.660 граѓани, што е излезност од 36,89%. Од нив, 606.200 или 91,48% гласале „за“. Против биле 37.372 или 5,64%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира