ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ВЧЕРА НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО, ЌЕ ОДЛУЧАТ ДЕНЕСКА

    ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ВЧЕРА НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО, ЌЕ ОДЛУЧАТ ДЕНЕСКАФранција, Холандија и Данска инсистираат дека двете земји не се спремни, но пред сè имаат сериозни забелешки за напредокот на реформите во Албанија; - Францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте вчера на лидерскиот самит во Брисел. (Фото: АП)

    Лидерите на Европската Унија вчера, на првиот ден на самитот во Брисел, не успеаја да донесат одлука за почнување пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, бидејќи Франција, Холандија и Данска инсистираат дека двете земји не се спремни. Денеска продолжуваат разговорите за оваа точка на дневниот ред на самитот, но резултатот и натаму е неизвесен.

    „Денеска нема заклучок. Се надевам дека е можно да се постигне договор. Има извесно разочарување“, рече финскиот премиер Анти Рине доцна синоќа.

    „Мора да признаеме дека не успеавме да постигнеме консензус бидејќи 3 земји одбија да ги поканиме двете земји да почнат преговори. Сите признаваат дека Северна Македонија направи многу, го смени името, го смени Уставот и стори се за да ја добие поканата, и затоа мислам дека ако нема одлука ќе има сериозни политички последици“, рече литванскиот премиер Гитанас Науседа реферирајќи на Франција, Холандија и Данска.

    Овие три земји пред сè имаат сериозни забелешки за напредокот на реформите во Албанија.

    Рине рече дека разговорите ќе продолжат и денеска, но холандскиот премиер Марк Руте рече дека лидерите ќе се навратат на ова прашање на следен самит.

    Новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лејен вчера во текот на денот рече дека „за жал, знаците не се добри. Жалам, оти цврсто верувам дека двете земји направија огромни напори да ги достигнат европските стандарди“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира