Фондацијата Заев на поранешниот премиер Зоран Заев ѝ донираше 6 скутери на полицијата, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Во кругот на МВР беше предадена донација од Фондацијата Заев, од страна на директорот Зоран Заев, а која се состои од 6 мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството“, кажа вчера Спасовски.
Спасовски додаде дека Фондацијата Заев е силен сојузник на Министерството за внатрешни работи и дека го модернизираат возниот парк по највисоки стандарди
„Во свое и во име на МВР изразувам благодарност до Фондацијата Заев за оваа важна донација. Безбедноста зависи од секој еден, ја креираат сите општествени чинители, и е од клучна важност да се препознае општествената одговорност, а потоа и да се дејствува во таа насока. Би сакал да потенцирам дека мотоциклите се наменети исклучиво за оперативната работа на полициските служби“, вели Спасовски.