Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Германија денеска го поздрави изборот на новата влада на Македонија и посочи дека ќе мора да се спроведуваат итните реформи. Портпаролот на германското МНР посочува на итните задачи на новата власт.
„Задачите се јасни: Зајакнување на владеењето на правото, на слободата на медиуми и изразување, спроведување на Пржинскиот договор и зајакнување на работата на Специјалното јавно обвинителство. Притоа, Германија ќе му биде сигурен партнер на Скопје“, е пораката од германското МНР.
„Го поздравуваме изборот на новата Влада во Македонија од Собранието во Скопје. Поаѓаме од тоа дека новата Влада сега решително ќе пристапи кон спроведување на итните реформи за надминување на политичката криза и за внесување на нова динамика во евроатлантската интеграција на Македонија“, се вели во пишаната изјава.