ГРАЃАНИТЕ НА ИДНАТА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВААТ ЕВРОПСКА ИДНИНА, РЕЧЕ ХАН ВО ОТЕШЕВО

    ГРАЃАНИТЕ НА ИДНАТА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВААТ ЕВРОПСКА ИДНИНА, РЕЧЕ ХАН ВО ОТЕШЕВОМинистрите за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров во поридружба на Федерика Могерини и Јоханес Хан пристигнуваат во Отешево (Фото: М. Златевска)

    Еврокомесарот Јоханес Хан прв го употреби новото име на Македонија во Отешево по потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција со кој се решава спорот за името, кој претходно беше потпишан во Псарадес (Нивици) на грчкаta страна од Преспанското Езеро.

    „Ова е историски ден затоа што граѓаните на идната Северна Македонија заслужуваат европска иднина“, рече Хан.

    „Европската комисија веќе даде препорака за почеток на преговори на Македонија со Европската унија, и лично се надевам дека за две недели ќе има датум, а денешното потпишување на договорот меѓу Македонија и Грција е позитивен сигнал“, кажа Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна политика и безбедносна политика на ЕУ.

    „Ова е добар ден за двете земји. Тука сме да кажеме дека е добар ден и за ЕУ и за Балканот. Навистина е историски ден. Се сеќавам на почетокот на преговорите со двајцата премиери. Многумина беа скептични, но благодарение на храброста, и на посветеноста на двајцата премиери се постигна решение. Сакаме да кажеме дека нѐнаправија горди нас Европјеците бидејќи преку дијалог и дипломатија дојдоа до решение. Тоа е добро и за Балканот, за да се шири ваква атмосфера и порака и останатите во регионот дека треба да преземат храбри чекори. Дипломатијата, дијалогот и тешката работа секогаш треба да биде водилка во решавање на разликите и во регионот и во Европа“, кажа Могерини.

    Таа кажа дека сега двете земји имаат работа за да го имплементираат договорот и дека ЕУ ќе биде тука при секој чекор, бидејќи имплементацијата не е важна само за двете земји, туку и за Европа.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира