ГРЦИЈА САКА ГОДИНАВА ДА ГО РЕШИ СПОРОТ ЗА ИМЕТО СО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ КОЅИЈАС

    ГРЦИЈА САКА ГОДИНАВА ДА ГО РЕШИ СПОРОТ ЗА ИМЕТО СО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ КОЅИЈАСМинистрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на заедничката прес-конференција по нивната средба во Атина на 14 јуни, 2017

    Грција сака оваа година да го реши деценискиот спор за името со Македонија, изјави денеска министерот за надворешни работи, потег што би можел да ја деблокира амбицијата земјата за влез во Европската унија. Атина ги блокира амбициите на Македонија да влезе во НАТО и се спротивстави на нејзината кандидатура за членство во ЕУ, бидејќи вели дека името Македонија имплицира територијална претензија врз грчкиот регион со исто име.

    „Мислам дека 2018 ќе биде година кога ќе бидат решени прашањата од надворешната политика кои со децении се заглавени во калта“, изјави министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, пo состанокот на владиниот кабинет во премиерската палата во Атина. „Сите ние ќе придонесеме за благосостојбата на целиот Балкан”, рече тој.

    Грцијане ја поддржуваа понатамошна интеграција на Македонија во меѓународни тела, вклучително и во НАТО, се додека не се согласи да го промени своето име. Атина само се согласи дека на земјата може да се реферира како Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), како привремена мерка додека не се реши спорот.

    „За прашањето за името, владата преговара и поддржува сложено име што ќе биде за сеопфатна употреба“, рече денеска Коцијас, без да се елаборира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира