Утре и задутре ќе биде забранет влез за товарни возила во Грција појави најави за невреме. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека забраната ќе важи од утре наутро во 5 часот до полноќ в понеделник.
„Според добиените информации од грчките погранични служби, се воведува забрана за влез за сите товарни моторни возила во Република Грција, и тоа на граничните премини ‘Богородица‘, ‘Стар Дојран‘ и ‘Меџитлија‘, со можност за нејзино продолжување“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Како што е наведено во известувањето од грчките служби, причина за забраната е најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег.