ГРУЕВСКИ ГО ОДЛОЖИ СУДЕЊЕТО ЗА УРИВАЊЕТО НА „КОСМОС“ ЗА ДА ОДИ ВО СОБРАНИЕ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

    ГРУЕВСКИ ГО ОДЛОЖИ СУДЕЊЕТО ЗА УРИВАЊЕТО НА „КОСМОС“ ЗА ДА ОДИ ВО СОБРАНИЕ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИОбвинетиот експремиер Никола Груевски на претходно рочиште за случајот „ТНТ“ во Основниот суд Скопје 1. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот премиер Никола Груевски, обвинет за нарачка на одмаздничкото уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, утринава ја искористи можноста како пратеник за да го одложи денешното рочиште за предметот на СЈО „ТНТ“ во Основниот суд Скопје 1.

    Тој стана и побара да биде ослободен, зашто како што кажа, на дневен ред во Собранието се уставните измени и тој сака да присуствува.

    Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми рече дека треба да се остави судот да одлучи, а судијата Огнен Ставрев го пушти Груевски да оди во Собрание.  Пленарната седница за уставните измени предвидени со Договорот од Преспа е закажана за денеска во 11 часот.

    Пресудата од Апелациониот суд Скопје за Груевски за предметот на СЈО „Тенк“, со која тој е правосилно осуден на двегодишна затворска казна за нарачка на луксузниот мерцедес за себе од пари на полицијата, до утрово не е пристигната во Кривичниот суд.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира