ГРУЕВСКИ ОСТАНУВА БЕЗ ПАСОШ, ЌЕ СЕ ЈАВУВА ВО СУД СЕКОЈА НЕДЕЛА, ПОТВРДИ АПЕЛАЦИЈА 

    ГРУЕВСКИ ОСТАНУВА БЕЗ ПАСОШ, ЌЕ СЕ ЈАВУВА ВО СУД СЕКОЈА НЕДЕЛА, ПОТВРДИ АПЕЛАЦИЈА Во жалбата со барање да му се врарти пасошот, адвокатите на Груевски приложија до судот и доказ - покана за службена посета лично од премиерот на Унгарија Виктор Орбан; - од средбата со Орбан во Охрид на 28 септември кога тој дојде да му даде поддршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори (Фото: СДК.МК)

    Тричлениот совет од организиран криминал во Скопска апелација одлучи да не му го врати пасошот на експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК претседателката на Апелациониот суд Лилјана Шопова.

    Груевски е обвинет од СЈО во случаите „ТНТ“, „Титаник“, и „Насилство и шамари во Центар“.

    Груевски во септември беше одбиен од Основниот суд Скопје 1, од каде си го побара пасошот назад поради добро однесување и редовно пријавување таму. По жалбата, вчера заседаваше тричлениот совет во Апелација, каде не дојде обвинетиот Груевски, туку за него зборуваа двајцата бранители.

    Тие рекоа дека судот треба да има предвид за активностите на Груевски како лидер на најголемата опозициона партија, дека пасошот му е повеќе од потребен за да ги извршува нормално лидерските обврски, а приложија до судот и доказ – покана за службена посета лично од премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

    Македонската и дипломатската патна исправа на Груевски му се земени на трети јули, како замена за мерката притвор што ја бараше СЈО за него, во големиот случај за изборни нерегуларности именуван како „Титаник“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира