И ДУИ, ПО САД ПОБАРА ИТНО СВИКУВАЊЕ НА СОБРАНИЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И ДУИ, ПО САД ПОБАРА ИТНО СВИКУВАЊЕ НА СОБРАНИЕТО

    ДУИ бара повторно свикување на Собранието што се распушти на 5 април оваа година. Веднаш откако американската амбасадата на САД соопшти дека Соединетите Американски Држави ги повикуваат партиите повторно да го свикаат Собранието и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, преку својот официјален Фејсбук профил најави дека неговата партија ќе поднесе иницијатива за итно свикување на Собранието.

    „Последните случувања во земјата и одењето на избори на 5 јуни, без учество на ДУИ, СДСМ и на ДПА, не претставуваат почеток на решавање на политичката криза, туку на нејзино продлабочување. Ние сме посветени да се најде решение во согласност со интересите на нашите граѓани и со очекувањата на меѓународната заедница. Решението почнува со итно враќање на Собранието, така што ќе преземеме конкретни активности во оваа насока во наредните денови за овој момент да се случи што е можно поскоро и да се врати стабилноста и безбедноста како и евро-атлантската перспектива. Ги охрабрувам сите политички партии да се приклучат на нашата иницијатива за враќање во Собранието и да почнеме заеднички да ја решаваме кризата“, напиша Ахмети на „Фејсбук“.

    Амбасадата на САД во изјава за агенцијата Мета констатира дека „останува уште недовршена работа во врска со реформите во медиумите, заплашувањето на гласачите, како и избирачкиот список“.

    „Помилувањата на претседателот од 12 април само придонесоа кон зголемување на чувството на неказнивост, особено што се однесува за можни изборни злоупотреби. Доколку има избори на 5 јуни, тие нема ништо да придонесат за решавање на политичката криза во Македонија или за изградба на доверба во институциите, а само ќе ја загрозат евро-атлантската интеграција на земјата“, велат од амбасадата на САД.

    „Соединетите Американски Држави ги повикуваат партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата, и повторно да се посветат на спроведување на агресивна реформска агенда втемелена во Пржинскиот договор, итните реформски приоритети на ЕУ, Извештајот на Прибе и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.“, стои во изјавата на американската амбасада дадена за агенцијата МЕТА.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари