ИНЦИДЕНТ СО АНТИМИЛИТАРИСТИ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА АМЕРИКАНСКАТА ВОЕНА ОПРЕМА ВО СКОПЈЕ

    ИНЦИДЕНТ СО АНТИМИЛИТАРИСТИ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА АМЕРИКАНСКАТА ВОЕНА ОПРЕМА ВО СКОПЈЕАмериканските војници, дојдени во Македонија за заедничката воена вежба со АРМ „Драгун Гардијан 17“, денеска ја презентираат воената опрема во во Скопје, а ќе одат и во Штип, Велес, Струга и во Струмица. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Група антимилитаристи предизвикаа мал инцидент на Плоштадот Македонија во Скопје, каде што денеска беше презентирана воената опрема на Американската армија, која што е во Македонија за заедничката воена вежба со АРМ „Драгун Гардијан 17“ во Криволак. Четворица од антимилитаристите кои вечерва протестирале во близина на американските војници биле легитимирани од полицијата и веднаш пуштени, потврдија од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК.


    Шест конвои по 20 возила на Армијата на САД вчера влегоа во Македонија преку граничниот премин „Деве Баир” и потоа имаа презентација на воената опрема и дружење со граѓаните во Куманово. Денеска беа во Скопје, а ќе одат и во Штип, Велес, Струга и во Струмица. Опремата што се презентира е дел од опремата на инженерскиот сквадрон на копнените сили на Армијата на САД за Европа и на инженерскиот баталјон од Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ како и на четата на АБХО која се користи на заедничката вежба помеѓу двете Армии „Драгун Гардијан 17“.

    Вежбата ќе трае до 10 август.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира