ИВАНОВ Е НЕБИТЕН АКО ПРАТЕНИЦИТЕ САМИ СОБЕРАТ МНОЗИНСТВО

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:659:"ВоУставотивособранискиотДеловникимаодредбикоиовозможуваатакоимаобезбеденомнозинство,дасесвикаПарламентотимнозинствотоможедапобарадапродолжиконститутивнатаседницаод30декемвриминататагодинакаденадневенредеизборнапретседателнаСобранието,дасеизберепретседател,апотоадасеставиточканадневенредизборнановавлада";s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИВАНОВ Е НЕБИТЕН АКО ПРАТЕНИЦИТЕ САМИ СОБЕРАТ МНОЗИНСТВО

    Сосема е неважно дали претседателот на државата Ѓорге Иванов ќе го додели или не мандатот за формирање на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, или пак ќе го повика Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ во втор обид да формира влада ако новоизбраните пратеници соберат мнозинство (најмалку 61 потписи) за свикување на Парламентот и избор на претседател на Собранието, предвидува собранискиот Деловник.

    И во Уставот, но и во собранискиот Деловник има одредби кои овозможуваат и во случај без добиен мандат од претседателот на државата, ако има обезбедено мнозинство да се свика Парламентот и да се избере претседател, а потоа да се стави точка на дневен ред избор на нова влада. Мнозинството може да побара да продолжи конститутивната седница од 30 декември минатата година каде на дневен ред е избор на претседател на Собранието.

    Во случај претседавачот на конститутивната седница од 30 декември Трајко Вељаноски да не сака да свика седница, тогаш пратениците сами се состануваат и со неа ќе претседава најстариот пратеник Бранко Манојлоски од ДУИ.

    Во собранискиот Деловник е предвидено кандидат за претседател на Собранието да може да предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку 20 пратеници.

    Прво се формира собраниската Комисија за изборите и именувањата, по предлог од најмалку десет пратеници.

    Во Комисијата се обезбедува соодветна застапеност на пратениците од политичките партии застапени во Собранието, која на Парламентот ќе му предложи кандидат за претседател на Собранието.

    Со гласањето за избор на претседател на Собранието раководи претседавачот.
    За претседател на Собранието е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

    Кога ќе се избере новиот претседател на Собранието, завршува конститутивната седница. Новиот претседател на Собранието тогаш закажува нова седница со точка на дневен ред – избор на нова влада.

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој се уште го нема вратено мандатот, не успеа да состави влада во законскиот рок. По различните правни толкувања на експертите дали по неуспехот на Груевски да состави влада,  мандатот треба да го даде на втората партија по гласови,СДСМ, или повторно да го земе ВМРО-ДПМНЕ,  шефот на државата Ѓорге Иванов имаше консултации со лидерите на партиите што имаат пратеници во новиот парламентарен состав.

    Претседателот Ѓорге Иванов кажа дека мандатот за составување влада ќе го врачи на оној лидер кој ќе му достави 61 потпис како доказ дека има мнозинство, но побара и гаранции во врска со државните интереси и националната безбедност.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира