ИВАНОВ НЕ МОЖЕ ДА АМНЕСТИРА ИЗБЕГАН КРИМИНАЛЕЦ, НИТУ КОГО БИЛО ОД ОБВИНЕТИТЕ ОД СЈО ИЛИ ЗА 27 АПРИЛ, ЗАШТО И САМИОТ НАТРУПА КРИВИЧНИ ДЕЛА, ПРЕДУПРЕДУВА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ

    ИВАНОВ НЕ МОЖЕ ДА АМНЕСТИРА ИЗБЕГАН КРИМИНАЛЕЦ, НИТУ КОГО БИЛО ОД ОБВИНЕТИТЕ ОД СЈО ИЛИ ЗА 27 АПРИЛ, ЗАШТО И САМИОТ НАТРУПА КРИВИЧНИ ДЕЛА, ПРЕДУПРЕДУВА АКАДЕМИК КАМБОВСКИОсобено е важно по бегството на Груевски, обвинет уште во 4 сериозни кривични дела, постапките по тие обвиненија да си продолжат да си течат најнормално, а нему да му биде судено во отсуство. Кај што треба, имотот да му се конфискува. Овие кривични дела за кои е обвинет во 'Титаник', 'Космос', 'Кинеските автопати' и 'Кршењето на Општина Центар' се потешки од ова за кое избега“, вели академик Владо Камбовски (Фото: СДК.МК)

    „Големиот херој и патриот Никола Груевски, кој можеби и во женски алишта се скри и побегна од Македонија, стори двоен прекршок покрај кривичното дело за кое е осуден на двегодишна затворска казна која требаше да ја издржува“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК академик Владо Камбовски за осудениот пратеник и експремиер кој избега во Будимпешта и бара политички азил.

    „Тој со бегството си ја зацементира вината. Особено е важно по бегството на Груевски, обвинет уште во 4 сериозни кривични дела, постапките по тие обвиненија да си продолжат да си течат најнормално, а нему да му биде судено во отсуство. Кај што треба, имотот да му се конфискува. Овие кривични дела за кои е обвинет во ‘Титаник’,  ‘Космос’, ‘Кинеските автопати’ и ‘Кршењето на Општина Центар’ се потешки од ова за кое избега“, вели Камбовски.

    Груевски, кој треба затворот да го служи во Шутка, е осуден во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Тенк“ за набавката на мерцедесот од 600.000 евра. Во затврот требаше да се јави на 9 ноември откако му беше одбиена жалбата, но судскиот курир не упеа да го најде на домашната адреса и да му достави упатен налог. По официјалната потврда дека избегал во Будимпешта, МВР вчера издаде меѓународна потерница, по што Министерството за правда треба да покрене постапка за екстрадиција.

    На прашање дали претседателот Ѓорге Иванов може да го спаси со аболиција, Камбовски вели дека претседателот не би смеел да амнестира бегалци од правдата и оти тој е свесен за тоа.

    „Иванов би направил лош имиџ на држата ако аболира избегани криминалци. Ионака, досега има натрупано најмалку три кривични дела од Кривичниот законик и неколку прекршувања на Уставот. Не му требаат нови со нови помилувања. Професорот од Правниот факултет Иванов досега има три кривични дела ‘злоупотреба на службената положба и овластувањата’: аболицијата на 57 луѓе, а која треба да е поединечен акт и за едно лице, недавањето на мандатот за нова влада на лидер на партија која по изборите создала ново парламентарно мнозинство, непотпишувањето на закони и договори донесени од Парламентот и други“, предупредува академик Камбовски.

    И за организираниот напад на Собранито на кај 27 април 2017, предупредува тој, станува збор за група од 33. обвинети, па со евентуална аболиција би сторило уште едно кривично дело по член 365 од Кривичниот законик (КЗ), „злоупотреба на службената положба и овластувањата“.

    Сведоци и обвинети го спомнуваат избеганиот Груевски во исказите пред Основниот суд Скопје 1 и за на судењето за 27 април. Вчера, на тема организирање на нападот на Собранието на 27 април лани, на судскиот процес беа читани смс пораки за активности на Груевски и Трајко Вељаноски. Претходно, пак, осудено лице за обидот за убиство на Зијадин Села рече дека му било кажано оти Иванов по нападот на Собранието ќе прогласи вонредна состојба.

    Со оглед на овие и други факти, истрагата ќе се проширува, најави обвинителството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира