ИВАНОВ ВТОР ПАТ ПРОБУВА ДА ГО СПАСИ ГРУЕВСКИ, НЕ МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ЗАЕВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИВАНОВ ВТОР ПАТ ПРОБУВА ДА ГО СПАСИ ГРУЕВСКИ, НЕ МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ЗАЕВ

    Претседателот Ѓорге Иванов втор пат во рок од 11 месеци се обидува да го спаси неговиот сопартиец, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, овојпат одбивајќи да му го даде мандатот за формирање влада на Зоран Заев, иако лидерот на СДСМ собра 67 потписи и го исполни условот што му го постави Иванов на консултациите на 1 февруари. Иванов тврди дека Уставот и совеста не му дозволуваат да го даде мандатот на некој којшто го загрозува унитарниот карактер на земјата со тоа што преговара за платформата на албанските партии од Македонија.

    Сличнo обраќање како вчерашното за мандатот, Иванов имаше 12 април минатата година, кога објави аболиција за 56-мина политичари и нивни соработници со образложение дека на тој начин земјата ќе излезе од политичка криза. По секојдневните протести што следуваа по одлуката и силниот меѓународен притисок, тој целосно ја повлече одлуката на 6 јуни.

    Вчера, по одлуката да не му го даде мандатот на Заев, прв реагираше лидерот на СДСМ, кој го обвини Иванов за државен удар.

    „Ѓорге Иванов изврши државен удар. Прави уставна криза со негирање на волјата на граѓаните и спречува мирна транзиција на власта. Иванов уште еднаш се стави во улога на заштитник и соучесник на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Заев.

    ДУИ го осуди обидот политичката криза да се префрли на меѓуетнички карактерен план и предупреди дека тоа води кон катастрофа.

    „ДУИ го осудува обидот заедничката Декларација на албанските партии во Македонија да се оквалификува како платформа на туѓа држава. Ова, како и упорноста политичката криза да се префрли на интеретничка основа, може да доведе до катастрофална ситуација во државата“, изјави портпаролот на ДУИ Бујар Османи.

    Потоа, еврокомесарот Јоханес Хан му порача на претседателот Ѓорге Иванов дека мора да го почитува парламентарното мнозинство, дури и ако не му се допаѓа.

    Албанскиот премиер Еди Рама, кој беше индиректно прозван од Иванов за време на обраќањето, му одговори преку Твитер.

    „Г-дине Иванов, албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку на еден државотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија, драг претседателе!“, напиша Рама на социјалната мрежа.

    Се огласи и Известувачот во Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Иво Вајгл, кој вели дека одлуката на Иванов е во спротивност со интересите на државата, но смета дека претседателот ќе се премисли, како што беше случај и со аболициите.

    „Иванов веќе докажа дека е способен да ја увиди грешката кога ќе згреши. Така беше и со амнестијата која неочекувано ја објави“, вели Вајгл.

    Денеска во Скопје доаѓа Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, која е предвидено да се сретне и со Иванов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира