ИЗБОРИТЕ ДА СЕ ОДРЖАТ В СРЕДА НА 8 ЈУЛИ ЗА ДА ИМА ДВА ДЕНА ДА ГЛАСААТ БОЛНИТЕ И ЛИЦАТА ВО ИЗОЛАЦИЈА, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ИЗБОРИТЕ ДА СЕ ОДРЖАТ В СРЕДА НА 8 ЈУЛИ ЗА ДА ИМА ДВА ДЕНА ДА ГЛАСААТ БОЛНИТЕ И ЛИЦАТА ВО ИЗОЛАЦИЈА, ВЕЛИ ЗАЕВЗаев вели дека недела на полноќ би почнал молкот, со што ќе има повеќе враме односно 2 дена, понеделник и вторник за да гласаат болните, изнемоштени и лицата во изолација. Заев на лидерска средба кај претседателот Пендаровски.(Фото:Кабинет на Претседател)

    Претседателот на СДСМ Зоран Заев предлага парламентарните избори да се одржат на 8 јули, среда, затоа што на тој начин ќе може да бидат обезбедени два дена за гласање на болните, изнемоштените, лицата во изолација, како и болните од КОВИД-19. На денешната прес-конференција Заев кажа дека за ваквата идеја се дискутирало на средбите со политичките партии, имал разговори за овој предлог и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но до сега консензус за ова прашање не е постигнат.

    „Постоеше дијалог изборите да бидат в среда на 8 јули, затоа што е неработен ден, може да се продолжи гласањето до 21 часот, летен период е. Недела на полноќ би почнал молкот, со што ќе има повеќе време, односно 2 дена, понеделник и вторник за да гласаат болните, изнемоштени и лицата во изолација. На тој начин би се релаксирала атмосферата. Тоа е во случај ако се случи договор кој гледам го нема оти за вакви промени треба да има консензус и од власта и од опозицијата. Доколку нема тогаш останува недела изборниот ден“, рече Заев.

    Заев кажа дека лицата кои се во изолација ќе гласаат дома како што тоа се прави со болните лица, но секако според одредени медицински протоколи. Тој предлага во листата на лица кои можат да гласаат дома да бидат вклучени и хронично болните кои се ризична група и да не се доведуваат во ризик, со излегување на избори.

    „Ќе се направат здравствени избирачки одбори кои би ги посетиле болните од коронавирус дома или во болница доколку сакаат да го искористат правото на глас. Постои начин и решение за сите овие работи“, рече Заев.

    Претседателот Стево Пендаровски денеска не прогласи нова вонредна состојба. Последната 14-дневна вонредна состојба истекува утре на полноќ, кога продолжуваат да течат роковите за одржување на парламентарните избори.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира