ИЗВЕШТАЈОТ НА ЈАНЕВА СОБРАНИЕТО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА В ПОНЕДЕЛНИК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЗВЕШТАЈОТ НА ЈАНЕВА СОБРАНИЕТО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА В ПОНЕДЕЛНИК

    Извештајот на Специјалното јавно обвинителство Собранието ќе го разгледува на 120-та седница, која собранискиот спикер Трајко Вељаноски ја закажа за понеделник, 26 септември.
    На седницата првин ќе се разгледува шестмесечниот извештај на Специјалната обвинителка Катица Јанева, а веднаш по него, Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.
    На седницата ќе присуствуваат Специјалната обвинителка Катица Јанева и Јавниот обвинител на РМ Марко Зврлевски.
    Ова е втор извештај на Јанева, а се однесува на работата на Специјалното обвинителство за периодот од 15 септември лани до 15 март годинава.
    Извештајот на Јанева ќе се разгледува и во Советот на јавни обвинители. И таму Јанева најави дека ќе присуствува за да одговори на прашањата на членовите на Советот.
    Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски ни изјави дека седницата Советот уште не ја закажал.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира