ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ОД ГОСТИВАР ПРОБОДЕН СО НОЖ ПО КАВГА ВО СООБРАЌАЈ, ПРИВЕДЕНИ ТРИ ЛИЦА

    ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ОД ГОСТИВАР ПРОБОДЕН СО НОЖ ПО КАВГА ВО СООБРАЌАЈ, ПРИВЕДЕНИ ТРИ ЛИЦАОбвинителот е прободен со нож поради кавга околу недоразбирање во сообраќај.(Фото: СДК.МК)

    Утрово извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Гостивар поради кавга околу недоразбирање во сообраќај.

    Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство утрово во 5.30 часот во село Чегране, гостиварско, обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека од полициски службеници од Полициското одделение Чегране лишени од слобода се Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од село Чегране, гостиварско и Б.Ф.(41) од село.Церово, тетовско.

    „Лицата се уапсени поради постоење основи на сомнение дека околу 5.30 часот во село Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И.(39) од село Форино, гостиварско. Х.И. бил пренесен во Општата болница Ферид Мурат за укажување на лекарска помош. Тројцата со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Гостивар“, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Од Обвинителството велат дека јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира