ЈАВНА СЕДНИЦА НА ДИК ОД 11 ЧАСОТ ЗА ПРИГОВОРИТЕ НА СДСМ И БЕСА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    ЈАВНА СЕДНИЦА НА ДИК ОД 11 ЧАСОТ ЗА ПРИГОВОРИТЕ НА СДСМ И БЕСА

    Државната изборна комисија денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи јавната седница на која Комисијата ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември, јави агенцијата „Мета“.

    „Државната изборна комисија ве известува дека во големата сала на ДИК (централа во Скопје, 4 кат), ќе се одржи јавна седница денеска, четврток, 15 декември, со почеток во 11 часот. Единствена точка на дневен ред ќе биде разгледувањето и одлучувањето по приговорите поднесени од подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието, а кои се однесуваат на постапката за гласање и на постапката за сумирање и за утврдување на резултатите“, стои во соопштението на ДИК.

    Крајниот рок до кога Државната изборна комисија треба да одлучи по приговорите истекува денеска во 19 часот, односно 48 часа по крајниот рок за прием на приговорите, кој истече завчера во 19 часот.

    До Државната изборна комисија поднесени се вкупно 16 приговори, по осум од СДСМ и од Беса.

    Приговорите на Беса, како што соопштија од ДИК, се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Гази Баба и Липково, а приговорите на СДСМ, според портпаролот на партијата, Петре Шилегов, се однесуваат на избирачки места во шестата изборна единица.

    Од ВМРО-ДПМНЕ вчера соопштија дека „внимателно и одблиску, со крајна сериозност и загриженост ја следат работата на Државната изборна комисија“ за одлучување по „апсурдните приговори од страна на СДСМ и на Беса“. Оттаму апелираа до ДИК „да не подлегнува на никакви притисоци и да не влегува во сценарија за постизборен инженеринг“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира