ЈАЗИКОТ И ИДЕНТИТЕТОТ СЕ КРИСТАЛНО ЧИСТА И ЗАВРШЕНА РАБОТА, РЕЧЕ ЗАЕВ ОД КУМАНОВО ЗА ДЕНОТ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО ВОСТАНИЕ

    ЈАЗИКОТ И ИДЕНТИТЕТОТ СЕ КРИСТАЛНО ЧИСТА И ЗАВРШЕНА РАБОТА, РЕЧЕ ЗАЕВ ОД КУМАНОВО ЗА ДЕНОТ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО ВОСТАНИЕЗаев од Куманово повика на единство со опозицијата во борбата против лажните вести за пандемијата, кои, како што кажа, може да бидат поопасни од вирусот, а упати повик и за заедничка борба против невидливиот непријател, зашто есенва состојбата се очекува да се вжешти и да биде полоша. (Фото: Фејсбук)

    Премиерот Зоран Заев утринава од Спомен-костурницата во Куманово по повод Денот на востанието против фашистичкиот окупатор 11 Октомври, уште еднаш истакна дека македонскиот јазик и идентитет се меѓународно потврдени.

    „Нашиот јазик, македонскиот јазик, и нашиот идентитет Македонци се кристално потврдени во Обединетите нации, во Брисел и насекаде во светот.Македонија доби пробив на меѓународен план , благодарејќи на Договорот за добрососедство со Бугарија и Договорот од Преспа. Нашата држава е ценет и почитуван партнер, пример за регионот“, кажа Заев, истакнувајќи го тоа како продолжение на борбата за слобода и своја држава на илјадниците востаници од Македонија, од сите вери и националности кои тука живеат.

    Повика на единство со опозицијата во борбата против лажните вести за пандемијата, кои, како што кажа, може да бидат поопасни од вирусот, а упати повик и за заедничка борба против невидливиот непријател, зашто есенва состојбата се очекува да се вжешти и да биде полоша.

    Членството во НАТО, кажа тој, ја редефинираше улогата на Република Северна Македонија во активна безбедносна арена и оти повеќе не сме сами.

    „На денешен ден 11 Октомври – Денот на народното востание, нашите сограѓани во Куманово и Прилеп, го означија почетокот на сенародната борба за слобода и правда и го започнаа остварувањето на вековниот сон – сопствена и заслужена државност. Со овој голем историски чин започна и впишувањето на македонската држава на мапата на нациите на светот“, напиша претходно тој на Фејсбук.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира