ЈОВАНОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА САМО ЗБОРУВАЛ, А ДУРЛОВСКИ ДЕКА ЈА ПЕЕЛ ХИМНАТА И ДЕКА НЕ СЕ ТЕРОРИСТИ, НА СУДЕЊЕТО ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО

    ЈОВАНОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА САМО ЗБОРУВАЛ, А ДУРЛОВСКИ ДЕКА ЈА ПЕЕЛ ХИМНАТА И ДЕКА НЕ СЕ ТЕРОРИСТИ, НА СУДЕЊЕТО ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТОВо воведниот збор на Обвинителството на 22 август, обвинителката Вилма Русковска кажа дека дека улогата на пратениците биле да ја пуштат толпата во Собранието, а на водачите на здружението „За заедничка Македонија“ да ја поведуваат масата кон Собранието со нивните потпалувачки говори; - Владо Јовановски и Игор Дурловски во судницата (Фото: К. Попов)

    Бев во погрешно време на погрешно место. Подобро да сум умрел него да сум влегол внатре, рече актерот Владо Јовановски од движењето „За заедничка Македонија“ во воведниот збор на денешното судење, каде е меѓу 33 обвинети за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017. Јовановски рече дека жали за сите повредени и немили настани во Собранието и дека неговиот говор бил за смирување.

    „Сто пати реков мир, мир, мир. Викав да нема насилство, повредени и материјални штети. Јас сум обвинет за изговорени зборови. Ќе ја докажам мојата невиност. Јас не сум терорист“, рече Јовановски.

    Во воведниот збор на Обвинителството на 22 август, обвинителката Вилма Русковска кажа дека дека улогата на пратениците биле да ја пуштат толпата во Собранието, а на водачите на здружението „За заедничка Македонија“ да ја поведуваат масата кон Собранието со нивните потпалувачки говори.

    Обвинетиот оперски пејач Игор Дурловски, еден од лидерите на „За заедничка Македонија“, во воведниот збор рече дека во постапката ќе докаже оти влегол во Собранието 30 минути после толпата и дека не држел потпалувачки говори ниту пред ниту во Собранието.

    „Ако пеењето на химната е грешка, тогаш сум згрешил и ќе грешам“, кажа Дурловски во воведните зборови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира