КАМБОВСКИ ДО ВЕЉАНОСКИ: ВРАТИ СЕ ОД РИМ, ДРЖАВАТА СЕ РАСПАЃА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАМБОВСКИ ДО ВЕЉАНОСКИ: ВРАТИ СЕ ОД РИМ, ДРЖАВАТА СЕ РАСПАЃА

    Академик Владо Камбовски го повикува претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да не ги комплицира работите и веднаш да го свика парламентарниот состав затоа што во овој момент одговорноста за иднината на државата е лично негова.

    Во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК, Камбовски го предупредува Вељаноски дека ја доведува Република Македонија во опасна ситуација, да се распадне.

    Kambovski1

    Вељаноски е должен е како што ги распиша лично изборите за петти јуни, кога веќе не беше претседател, така сега и да ја повлече одлуката, бидејќи нема услови за одржување на избори на петти јуни, Владо Камбовски

    “Зошто го комплицирате ова со изборите? Нема потреба. Еве го петти јуни, кампањата на единствената пријавена партија за избори ќе почне, ќе почнат луѓе да се тепаат по улица. Ќе настане општа конфузија, збрка. Одговорноста да ја повлечете одлуката за распишување на изборите е лично ваша“, му се обраќа Камбовски на Вељаноски.

    Евентуална одлука за закажување седница на распуштеното Собрание не може да се случи до вторник. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој во Рим е заедно со сопругата, ќе се врати од аудиенцијата кај папата Фрањо по повод 24 мај, доцна во понделник вечер.

    Барањата да се свика Собранието, откако стана јасно дека на изборите на 5 јуни ќе учествува само владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ не го одложија патувањето на Вељаноски во Рим. Тој замина на предвремено честувување на браќата Св. Кирил и Методиј оти папата Фрањо поради обврски не можел да ги прими на 24 мај. Откако бугарската делегaција се согласила, поместувањето го прифатила и делегацијата од македонското Собрание.

    Камбовски вели: “Вељаноски е должен како што ги распиша лично изборите за петти јуни, кога веќе не беше претседател, така сега и да ја повлече одлуката, бидејќи нема услови за одржување на избори на петти јуни.  Должен е првин да ја повлече одлуката, а потоа веднаш да го свика Собранието.“

    Тој во изјавата за САКАМДАКАЖАМ.МК предупредува дека не може Република Македонија да се остави без избори, без Собрание, без Влада. „Тоа значи државата се распаѓа“, предупредува Камбовски. “Има само една партија што сака да оди на предвремените парламентарни избори на петти јуни. Со тоа не се исполнети условите за повеќепартиски избори. Целиот наш систем, Уставот, Изборниот законик, засновани се врз плуралистички, повеќепартиски избори. Условот не е исполнет“, вели академик Камбовски.

    Тој го упатува Трајко Вељаноски, ако веќе не може од Рим да ја повлече одлуката за избори и да го свика Собранието, тоа да го стори итно, веднаш штом ќе се врати.

    И професорот по Уставно право Светомир Шкариќ за САКАМДАКАЖАМ.МК уште на 10 април изјави дека „тоа што Трајко Вељаноски се претставува како претседател на Собранието, не само што е смешно, не само што не е за верување и нема логика, туку е класично узурпирање на Уставот“.

    Коментирајќи го правниот вакуум што се создаде по распуштањето на Собранието без да се распишат избори за нови пратеници Шкариќ објасни дека по распуштањето на Собранието Вељаноски веќе нема функција претседател на Собранието и неговиот потпис правнички не значи ништо.

    Вељаноски ги распиша изборите на 15 април, десет дена откако Собранието веќе беше распуштено.

    svetomir skarik 01

    Изборите не можат да бидат регуларни затоа што Трајко Вељаноски изврши атентат врз Уставот. Тој веќе не е претседател на Собранието и неговиот потпис за распишување избори е без значење,- проф. Светомир Шкариќ

    Шкариќ објасни дека претседател на Собрание може да биде само тој што има пратенички мандат. „Бидејќи Вељаноски од 6 април веќе не е пратеник, тој веќе не е ни претседател, па затоа и не може да распишува избори“, вели проф. Шкариќ и прашува: „Што чува господинот Вељаноски сега, откако изврши атентат врз Уставот? Наместо да го чува правото, тој ја чува зградата на Собранието. Значи тој не е само узурпатор на функција која ја добил како пратеник, а тоа веќе не е, туку сега е ноќен чувар на зградата во која што е предвидена таква функција кога би постоело Собрание. Оти сега има само зграда на Собранието, ама Собрание како институција од 6 април нема“, изјави Шкариќ на 10 април за САКАМДАКАЖАМ.МК

     

    Пред заминување за Рим, од кабинетот на Вељаноски соопштија дека нема уставна можност за повторно да се свика Собранието.

    Од неговиот кабинет и на 20 април преку соопштение информираа дека во согласност со членот 63, став 6 од Уставот, ако Собранието се рапушти и за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници, нема можност повторно истиот пратенички состав да се состане.

    Во петокот од ДУИ најавија дека бараат начин како да се собере веќе еднаш распуштеното Собрание за да ја поништи одлуката за предвремените избори на 5 јуни.

    Пред тоа и амбасадата на САД ги повика партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата, и повторно да се посветат на спроведување на агресивна реформска агенда втемелена во Пржинскиот договор, итните реформски приоритети на ЕУ, Извештајот на Прибе и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари