КАМЕНУВАН АВТОБУС СО НАВИВАЧИ НА РАБОТНИЧКИ ПО МЕЧОТ СО МЗТ СКОПЈЕ

    КАМЕНУВАН АВТОБУС СО НАВИВАЧИ НА РАБОТНИЧКИ ПО МЕЧОТ СО МЗТ СКОПЈЕКаменуваниот автобус е паркиран на раскрсницата меѓу улиците Орце Николов и Рузвелтова во Центар, каде се врши увид на полицијата. (Фото: Аматерска фотографија)

    Автобус кој превезувал навивачи на кошаркарскиот клуб Работнички вечерва е каменуван близу хотелот „Хилтон“ во Аеродром, по дерби мечот со МЗТ Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански“, потврдија од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК

    Сè уште нема детали за нападот, но неофицијално, на враќање од натпреварот врз автобусот се фрлени камења, а има и повредени кои се однесени со Брза помош.

    Каменуваниот автобус е паркиран на раскрсницата меѓу улиците Орце Николов и Рузвелтова во Центар, каде се врши увид на полицијата.

    МЗТ Скопје вечерва го победи Работнички со 85-63 (48-36), во мечот од шестата рунда во Суперлигата. МЗТ е прв на табелата во Суперлигата со скор 22-3, пред Работнички со 20-5.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира