КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА ФАТИ СУДИЈКАТА МОНИКА БАХЧОВАНОВСКА КАКО АНТИДАТИРА ОДЛУКА ЗА ИВОНА ТАЛЕВСКА

    КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА ФАТИ СУДИЈКАТА МОНИКА БАХЧОВАНОВСКА КАКО АНТИДАТИРА ОДЛУКА ЗА ИВОНА ТАЛЕВСКАКатица Јанева прашува како можела судијката Бахчовановска да ја знае одлуката на Апелациониот суд седум дена однапред и се сомнева дека „станува збор за друг вид на поведение со кое се врши злоупотребување на положбата и пречекорување на службените овластувања“ (Фото: СДК.МК

    Специјалната обвинителка Катица Јанева до Советот за факти за одговорност на судија, поднела предлог за разрешување на судијката Моника Бахчовановска, за антидатирање на одлуката кај што ги отфрла бомбите во случајот „Тифани“ со обвинетата Ивона Талевска.

    Иницијативата за разрешување Јанева ја поднела на 24 октомври и со неа, освен што аргументира каде Бахчовановска излажала дека ја донела одлуката за отфрлање на бомбите во „Тифани“, предупредува и дека оваа судијка може и кривично да одговара, со оглед на тоа дека се води предистражна постапка за злоупотреби со АКМИС системот во основниот суд Скопје 1.

    Постапувајќи по поднесен приговор од обвинетата за даночно затајување новинарка и бизнисменка Ивона Талевска, на 11.09.2017 година Бахчовановска донела решение во кое посочила решение на Апелациониот суд Скопје донесено седум дена подоцна, на ден 18.09.2017 година.

    Јанева во иницијативата за разрешување, објаснува дека Апелациониот суд на 11 септември сѐ уште немал донесено одлука дека ќе важат прислушуваните разговори во обвинението за случајот „Триста“. Но, судијката Бахчовановска, во одлуката баш од 11 септември напишала дека Апелациониот суд одлучил за „Триста“ бомбите да важат, па прашува:„Од каде знаела Бахчовановска на 11.09.2017, каква одлука ќе донесе Апелациониот суд на 18.09.2017?

    Јанева упатува дека решението на судијата Бахчовановска е антидатирано решение, или „станува збор за друг вид на поведение со кое се врши злоупотребување на положбата и пречекорување на службените овластувања, од аспект на тоа како судијата Бахчовановска можела однапред да ја знае одлуката на Апелациониот суд Скопје“.

    Судијката Бахчовановска, освен „Тифани“ ги оценува обвинителните акти и за предметите „Титаник“, „Тортура“ и „Тревник“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира