КАВГА ЗА ТРЕТИОТ ПРИГОВОР НА БЕСА ЈА ПРЕКИНА СЕДНИЦАТА НА ДИК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАВГА ЗА ТРЕТИОТ ПРИГОВОР НА БЕСА ЈА ПРЕКИНА СЕДНИЦАТА НА ДИК

    Жестока групна кавга во која викаа сите девет члена на Државната изборна комисија ја прекина денешната седница на која од 11 часот ДИК почна да ги разгледува вкупно 16-те приговори, поднесени за изборите во неделата од СДСМ и Беса.

    Приговорите се однесуваат за наводни изборни нерегуларности во изборните единици 2 и 6. Седницата почна со разгледување на приговорите на Беса. Со мнозинство гласови од членовите на ДИК, првите два приговори беа одбиени. Тие се однесуваа на, како што кажа претставникот на Беса, забележани групни и јавни гласања, вршење притисок за кого да се гласа од страна на незаконски присутни и непознати лица на гласачки места во Арачиново и Липково, потоа на агитирање пред гласачките места, а за што, според претставникот на Беса не реагирале членови на избирачките одбори.

    Но, за овие забележани нерегуларности, поднесувачот на приговорите од Беса не поднел никакви докази и притоа набљудувачите од Беса на записниците на гласачките места што ги оспориле, ги потпишале, констатираше ДИК и овие два приговори беа одбиени со 7:2.

    Но, кавга настана кај третиот приговор на Беса кој се однесува за, според претставникот на Беса, забележани нерегуларности во избирачкото место 2340 во село Грушино каде набљудувачот на Беса забележал дека покрај што имало притисоци, агитирање и како едно лице гласало за повеќе лица, дадени беа сериозни обвинувања за членовите на избирачкиот одбор, бидејќи, според Беса, на неколку гласачки ливчиња намерни не ставиле печат со умисла подоцна да бидат прогласени за неважечки.

    „Баравме и ова да биде внесено во записникот, но претставниците од вашите партии во ИО на ова гласачко место не го дозволија тоа“, рече во ДИК претставникот на Беса.

    Членот на ДИК од СДСМ Игор Милев предложи да се донесе кутијата со гласачки ливчиња од ова избирачко место со малку жители и тука да се отвори за да се најдат ако постојат тие неважечки ливчињња и да види дали навистина на нив нема ставено печат.

    „Ова го барам како член на ДИК по службена должност и треба да ме поддржите, бидејќи ова е единствениот начинн да ја истражиме точноста на ова сериозно обвинување. Ако е точно, тоа е страшно. Тогаш, членовите на ИО направиле криминал и треба да се бара одговорност“, изјави Милев.

    На овој, независниот експерт во ДИК Атанас Урумов реагираше: „Ама само три ливчиња се неважечки, а во приговорот е наведено неколку“, по што Милев рече: „Па и едно да е, важно е како да се илјадници“.

    Членот на ДИК од ДПА Бедредин Ибраими побара да не се прави драма за, како што рече, само три гласачки ливчиња.

    По ова, другиот член на ДИК од СДСМ Виолета  Дума се обиде да го цитира Правилникот за работа на ДИК и членови од законот во обид да ја нормализира расправата, која почна да прераснува во кавга. Субхи Јакупи, член на ДИК од ДУИ ја прекина со зборовите: „Колешке, ова не е театар“, на што Дума му одговори: „А ти не си режисер“.

    Потоа, Милев побара од Сашо Срцев, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи во предлогот за рачно пребројување на гласачката кутија од оспореното место и го праша од што се плаши. Срцев му одоговори: „Јас не се плашам од ништо“.

    Претседателот на ДИК Александар Чичаковски тогаш стана и ја прекина седница додека да се смират страстите.

    Расправата продолжи по куса пауза и се уште на дневен ред е третиот приговор на Беса.

    С.К.Делевска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира