КИРАЦОВСКИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ, ЗАЕВ СО ШЕСТМИНА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ

    КИРАЦОВСКИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ, ЗАЕВ СО ШЕСТМИНА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИНовиот генерален секретар Александар Кирацовски доаѓа на местото на Оливер Спасовски, кој беше избран за потпретседател на партијата. (Фото: СДСМ)

    Александар Кирацовски беше избран за нов генерален секретар на СДСМ на синоќешниот Централен одбор на партијата. Кирацовски, кој доаѓа на местото на Оливер Спасовски, досега беше потпретседател на СДСМ, а беше и дополнителен заменски министер за јавна администрација и информатичко општество во техничката влада до изборите на 11 декември минатата година.

    На Централниот одбор, кој се одржа по Конгресот на 27 мај, на кој Зоран Заев беше реизбран за лидер, беа избрани и шестмина потпретседатели, зголемување што, како што велат од СДСМ, е во функција на зајакнување на партијата.

    За потпретседатели на беа избрани: Оливер Спасовски, досегашниот генерален секретар, Мухамед Зекири, досегашен член на ЦО, Петре Шилегов, партискиот портпарол, Благој Бочварски, досегашен член на ИО и досегашните потпретседатели Дамјан Манчевски и Фросина Ременски.

    На седницата на ЦО беше избран и нов Извршен одбор на СДСМ во состав: Стефан Богоев, Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Љупчо Николовски, Максим Димитриевски, Ѓоко Танаскоски, Петар Атанасов, Спасе Глигоров, Есра Салихи, Нина Велкова, Хари Локвенец, Дијана Ќурчиска, Тања Ковачев, Аднан Џаферовски, Маја Миленковиќ и Кети Василевска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира