КЛИНИКИТЕ ЗА КОЖНИ БОЛЕСТИ И ЗА НЕВРОЛОГИЈА ПАК СЕ КОВИД-ЦЕНТРИ, УШТЕ ЕДЕН ОДДЕЛ СЕ ОТВОРА ВО „8 СЕПТЕМВРИ“

    КЛИНИКИТЕ ЗА КОЖНИ БОЛЕСТИ И ЗА НЕВРОЛОГИЈА ПАК СЕ КОВИД-ЦЕНТРИ, УШТЕ ЕДЕН ОДДЕЛ СЕ ОТВОРА ВО „8 СЕПТЕМВРИ“На Инфективните одделенија и во ковид-центрите, во моментот се хоспитализирани вкупно 573 болни, од кои 180 во Скопје и 393 во државата. (Фото: СДК.МК)

    Клиниките за кожни болести и за неврологија во Скопје пак ќе бидат ковид-центри, а ќе се отвори дополнителен ковид-оддел во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември”, одлучи Комисијата за заразни болести. На Инфективните одделенија и во ковид-центрите, во моментот се хоспитализирани вкупно 573 болни, од кои 180 во Скопје и 393 во државата.

    Воедно, Министерството за здравство ги задолжи универзитетските клиники, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кај децата Козле-Скопје и Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, при зголемување на бројот на новозаболени, а на кои им е потребна хоспитализација да бидат организациски подготвени за спроведување на здравствениот третман на болни од ковид-19. Јавните здравствени установи се известени и задолжени да назначат медицински сестри и болничари за вклучување во работата на Инфективната клиника.

    Исто така, Комисијата за заразни болести, препорача во второто полугодие од учебната 2021–2022 наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира