КОЈ ГО СМИСЛИЛ НАПАДОТ НА 27 АПРИЛ ТРЕБА ДА ГИ ПРАШАТЕ ЛУЃЕТО КОИ ВИ ГИ НАБРОЈАВ ВО ШТАБОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, Ѝ ОДГОВОРИ ОБВИНЕТИОТ НИНЏА НА СУДИЈКАТА КАЦАРСКА

    КОЈ ГО СМИСЛИЛ НАПАДОТ НА 27 АПРИЛ ТРЕБА ДА ГИ ПРАШАТЕ ЛУЃЕТО КОИ ВИ ГИ НАБРОЈАВ ВО ШТАБОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, Ѝ ОДГОВОРИ ОБВИНЕТИОТ НИНЏА НА СУДИЈКАТА КАЦАРСКАОбвинетиот Александар Василевски - Нинџа на претходно рочиште од судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април лани. (Фото: СДК.МК)

    Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, тој парамилитарен штаб, влегов во периодот меѓу 18.15 и 18.25 часот на 27 април 2017 година и никој не излезе од таму додека бев, почна да одговара обвинетиот Александар Василевски-Нинџа на прашања од судијката Добрила Кацарска на судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април лани.

    „Спире зборуваше со Бетмен. Миле со пратениците. Бришкоска со Трајко Вељаноски и со Илија Димовски, Божиновски вртеше по сите општински комитети од Македонија и ги повикуваше. Бришковска рече не си ја завршиле работата пратениците и му го кажа тоа на Трајко. Не му даде директна наредба на Трајко да се отворат вратите, само кажа дека треба да се отворат. Чавков им даваше насоки на Ивица Вучевски и на Митко Пешов пасивно да делуваат. Чавков беше многу исплашен. На лицето се гледаше страв кај него. Не знам зошто беше исплашен, прашајте го него“, одговараше Нинџа, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

    На прашање кога дознал дека ќе се влегува во Собранието, Нинџа рече дека последните 10 дена се чувствувало дека ќе се случи нешто.

    „Јас мислам дека тоа е смислено заради случаите на СЈО, да се отфрли вниманието на јавноста. Да се искористи еден настан и да се смени мислењето на нашиот народ. За тоа кој го смислил нападот на 27 април лани треба да ги прашате луѓето што ви ги набројав во штабот на ВМРО-ДПМНЕ таа вечер“, ѝ одговори Нинџа на Кацарска на прашање кој го смисли нападот на Собранието.

    Претходно, на прашање на Богдан Илиевски – Бетмен, еден од обвинетите водачи на „За заедничка Македонија“, за кои обвинетиот Александар Василевски – Нинџа денеска пред судот сведочеше дека биле фиктивни водачи и платеници од ВМРО-ДПМНЕ, праша дали го видел со свои очи во ВМРО-ДПМНЕ и дали го видел оти тој зема пари за што било од таа партија.

    „Да. Те видов. Сите поединечно ве гледав кај Кирил Божиновски, наречен благајникот на ВМРО-ДПМНЕ. А што мислите, како се станува член на извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, без заслуги“, му одговори Нинџа на Бетмен.

    Потоа Бетмен му рече дека со трет степен образование во „Коце Металец“ станал агент на УБК.

    „Јас сум човек од 15 години на улица. Јас сум дете од улицата. Тоа е мојот одговор“, рече Нинџа

    Судијката Добрила Кацарска го предупреди Илиевски да не ги навредува Нинџа.

    Вкрстените прашање се во тек.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира