КРИВИЧНА ЗА СКОПЈАНЕЦ КОЈ НАМЕСТО ВО САМОИЗОЛАЦИЈА, ОДЕЛ НА РАБОТА, СЕ ГЛЕДАЛ СО РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ И ЗАРАЗИЛ ПОВЕЌЕ ЛИЦА

    КРИВИЧНА ЗА СКОПЈАНЕЦ КОЈ НАМЕСТО ВО САМОИЗОЛАЦИЈА, ОДЕЛ НА РАБОТА, СЕ ГЛЕДАЛ СО РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ И ЗАРАЗИЛ ПОВЕЌЕ ЛИЦАПолициски службеници од полициска станица Карпош направиле проверка и тој во разговорот кажал дека не патувал надвор од земјава, со што дал лажен исказ. (Фото: К.Попов)

    Министерството за внатрешни работи ќе поднесе кривична пријава против едно лице бидејќи не ја почитувало мерката за самоизолација и со КОВИД-19 заразил неколку лица. Како што кажа на денешната прес-конференција дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, лицето Ф.К. иако потпишало изјава дека ќе биде во самоизолација 14 дена, тоа не го почитувало. Одел на работа во фирмата, во континуитет остварувал средби со своите родители, братот и својата пријателка, при што заразил неколку лица и допринел за ширење на вирусот.

    „Осомничениот на 8 март, 13 минути после полноќ направил влез во земјава на граничниот премин Табановце, при што од екипа на Институтот за јавно здравје е информиран дека е прогласена епидемија од КОВИД-19 и истиот е обрзан на самоизолација. Лицето дало изјава дека ќе биде во самоизолација, но наместо да ги почитува одлуките на Владата се однесувал спротивно на нив. Во континуитет остварувал средби, заразил лица и го проширил вирусот. Полициски службеници од полициска станица Карпош направиле проверка и тој во разговорот кажал дека не патувал надвор од земјава, со што дал лажен исказ“, кажа дополнителната заменичка-министерка Петровска.

    Кривичната пријава која утре ќе биде поднесена до Обвинителството како што кажа Петровска, ќе биде за непочитување на правните прописи за сузбивање и спречување на ширење на заразни болести, односно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.

    Петровска кажа дека МВР има информации за одредени лица и фирми кои ги злоупотребуваат дозволите за движење за време на полицискиот час. Доколку се утврди дека се злоупотребувале дозволите, МВР ќе побара мерка притвор и затворски казни за тие лица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира