ЛЕКАРОТ СПЕЦИЈАЛИЗАНТ КОЈ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ФЕЈСБУК ДЕКА ЌЕ СЕЧЕ ПРСТИ НА НОВИНАРИ, ЗАВРШИ СО ПРИЈАВА ПРЕД ОБВИНИТЕЛСТВО

    ЛЕКАРОТ СПЕЦИЈАЛИЗАНТ КОЈ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ФЕЈСБУК ДЕКА ЌЕ СЕЧЕ ПРСТИ НА НОВИНАРИ, ЗАВРШИ СО ПРИЈАВА ПРЕД ОБВИНИТЕЛСТВООсомничениот лекар им се закануваше на новинари од: „Без Цензура“, „ТВ 21“, „Газета Експрес“, „Тетова Сот“ , „Коха ТВ“, „Коха Њуз“, „Куманова Сот“, „ТВ Шења“ и „Лајми Пресс“. - Принтскрин од интервјуто на српски „Курир“ со татко му (Фото: СДК.МК)

    МВР поднело кривична пријава против тетовскиот лекар-специјализант Арбен Есати (36) од Теарце, зашто во март на Фејсбук им се закануваше дека физички тешко ќе ги повреди новинарите од медиумите: „Без Цензура“, „ТВ 21“, „Газета Експрес“, „Тетова Сот“ , „Коха ТВ“, „Коха Њуз“, „Куманова Сот“, „ТВ Шења“ и „Лајми Пресс“.

    „Министерството достави известување до ЗНМ дека е поднесена кривична пријава против А.Е.(36) од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘загрозување на сигурноста’ против новинари. Одговорот на МВР во врска со овој случај е за поздравување, а следен чекор е итна проактивност од страна на обвинителството а потоа и од судот, со цел оние кои ги прекршуваат правата на новинарите да бидат соочени со правдата“, соопшти Здружението на новинари на Македонија.

    Како што пишуваше САКАМДАКАЖАМ.МК, овој лекар, во континуитет на Фејсбук профилот се заканувал дури и дека прстите ќе им ги исече на новинарите ја пренеле веста од српскиот медиум, во која пишувало дека таткото на заканувачот, како лекар, се понудил да помогне во пандемијата од коронавирус во Србија со својата стручност.

    ЗНМ на 22.03.2021 до СВР Тетово поднесе барање за постапување по пријави за закани по безбедност на новинари и медиуми на социјалната мрежа Фејсбук. Ваквата објава од лицето Арбен Есати предизвикала чувство на страв и несигурност од загрозување на животот на дел од новинарите од овие медиуми и на членови на нивните семејства.

    Ова е прв посериозен случај за повреда на правата на новинарите кои го регистрира ЗНМ во 2021 година. Во 2020 година ЗНМ регистрираше вкупно 14 напади и сериозни закани кон новинарите, но само еден случај имаше судска разрешница.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира